1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Почина Ивица Рачан

Ивица Рачан,поранешниот хрватски премиер починал синоќа во Загреб на 63 годишна возраст по краткото и тешко заболување од рак. Повеќегодишниот лидер на Социјалдемократската партија на крајот на јануари оваа година најави дека се повлекува од политичкиот живот поради болест. Рачан во времето од 2000 до 2003 година кога беше премиер ја извлече Хрватска од изолацијата во која ја доведе националистичкиот претседател Фрањо Туѓман. Рачан 17 години беше на чело на партијата,на крајот како опозиционен водач.