1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почина Елизабет Тејлор

Во 79-та година од животот, денеска (23.03) почина Елизабет Тејлор, една од најславните холивудски актерки на 20-от век.

default

Американската актерка, позната по своите сини очи и осум бракови зад себе, оствари извонредна филмска кариера. Двојната добитничка на Оскар веќе подолг период се бореше со различни болести, а пред извесно време и‘ беа констатирани и срцеви проблеми.
Меѓу бројните улоги, највпечатливи остануваат оние во филмовите „Клеопатра“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“. Врвот на кариерата го достигна во периодот на 50 и 60-те години на минатиот век, кога четири години по ред беше кандидирана за Оскар. Во младоста беше сметана за една од најголемите актерки и најубава жена во светот.
Елизабет Тејлор беше родена на 27 февруари 1932 година, во Лондон.

Автор: БГ/афп/ап/ббц
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска