1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почина артистот Кристофер Рив,поранешниот “Супермен“

Американскиот глумец Кристофер Рив,кој ја испиша филмската историја како Супермен,почина на 52 годишна возраст.Тој беше вистински супермен и во животот и на филмското платно .Рив во саботата преживеа срцев удар,по што падна во кома,како што известуваат американските медиуми,по девет години претходна целосна парализа.

default

Судбината си поигра со Кристофер Рив,тој кој на филмското платно толкупати го спасуваше светот од подземјето и злото како јунакот супермен,а последните десет години ги помина закован за инвалидска количка.Тоа беше последица од падот од коњ во 1995 година и повредата на рбетот.Но,Рив во стилот на супермен ги придвижи срцата на милиони хендикепирани луѓе преку својата желба повторно да започне сам да се движи и да прооди.

Рив секојдневно се подложуваше на повеќечаовни исцрпувачки вежби ,верувајќи во својот сон-повторно да застане на свои нозе.По повеќемесечна терапија успеа со часови да дише сам,без помош на респиратори.

Стана борец за испитување на рбетната срж и лобираше во Конгерсот за подобро осигурување против слични повреди.Во 1999 гоидна доби Греми за читаната верзија на ЦД на неговата автобиографија Сеуште јас,а истата година го презеде управувањето со Кристофер Рив фондацијата за парализа.Оваа фондација поддржува истражувања во развојот и методите на лекување на парализираните и оздравување на раните од долго лежење.

Во 1998 година Кристофер Рив повторно се врати на филмот,свртувајќи се кон режија и глумејќи во римејк филмот на Алфред Хичкок Прозорец во дворот.

Во Хамбург лани Рив оствари импесивен настап,изјавувајќи:“Секогаш верував во изреката-ништо не е неможно.Преку мојот несреќен случај научив друга дефиниција на оваа изрека.Но вие не треба да го скршите вратот за да стигнете до тоа да бидете човек.”

Според мислењето на германскиот филмски историчар Ролф Гизен,улогата на супермен на Рив не му донесе само предности.Финансиски тоа беше успех,но артистички,тоа го ликвидира,оценува Гизен.Сепак,улогата на херојот со натприродна моќ и покрај тривијалноста има значење.Супермен како никој друг ја симболизира американската нација.Тој беше првиот светски полицаец на филмот,а тоа денеска е пренесено врз Америка.