1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почина американскиот драматург Артур Милер

Американскиот драмски писател Артур Милер,еден од џиновите на американската книжевност,како што напиша "Њујорк Тајмс",почина на 89 годишна возраст.

Артур Милер со својата поранешна сопруга Мерилин Монро

Артур Милер со својата поранешна сопруга Мерилин Монро

По долго страдање од рак,тој подлегна од слабост на срцето на својата фарма во Роксебери,во сојузната држава Конектитат ,во кругот на своето семејство.

Кариерата на Милер ја обележа ран успех.Неговата драма "Смртта на трговскиот патник,"која безброј пати се игра на сцените на театрите низ целиот свет,му овозможи на 33 годишна возраст да ја добие Пулицеровата награда.

Делото подоцна беше филмувано со Дастин Хофман и Џон Малкович во главните улоги.

Дастин Хофман во фимот "Смртта на трговскиот патник "го играше трговецот Вили Ломан,малиот човек кого го скрши притисокот на модерниот работен живот и американскиот сон:

"Внесов 34 години од својот живот во фирмата,а сега не можам да го платам своето осигурување.Не можете да го изедете портокалот и да ја фрлите едноставно лушпата.Човекот не е парче овошје,"велеше трговскиот патник Ломан.

Драмите на Милер се повеќе откриваа прашина под тепихот на сонот-американски начин на живот.Поради својата се постра општествена критика Милер се најде на удар на конзервативците и ја доби етикетата комунист,која му ја прикачи режисерот Елија Казан.Милер во 50-те години стана жртва на ловот на комунисти на сенаторот Џо Мек Карти..Тој беше обвинет дека не сака да ги поткажува своите колеги комунисти.Милер тогаш изјави:

"Не верувам дека човек треба да добие поткажувачи за својата професионална слобода во САД."

На епохата која Милер подоцна ја означи како една од најмрачните точки на поновата американска историја,авторот реагираше со своето дело "Лов на вештерки."

Процесите против вештерки во Англија во 17 век беа алузија на настаните во САД со комунистите.

Другите познати дела на Артур Милер се "Искушение","Поглед од мостот","По падот","Сите мои синови",а последно дело му е "Завршувајќи ја сликата".

Многу поголемо внимание врз себе Милер привлече со својот брак со прославената американска артистка Мерилин Монро.Милер тоа го направи пославен отколку неговите книги и драми,иако тоа како што велеше самиот ,тој не го сакаше.

Булеварските весници долго по краткиот брак се занимаваа со врската на интелектуалецот и секс бомбата.

Милер по разводот со Мерилин уште двапати се женеше,со австриската фотографка Инге Морат и потоа со сликарката Агнес Барли.