1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Починатиот Магнитски осуден во Москва

Суд во Москва постхумно го прогласи за виновен поранешниот адвокат Сергеј Магнитски. Тој се обвинува за затајување данок. Заштитниците на човековите права реагираа бурно.

Сергеј Магнитски (на насловната фотографија) неможеше да се брани, оти е починат, веќе четири години. Тој во еден московски затвор во 2009 година бил измачуван до смрт. Тогаш 37 годишниот адвокат обвини официри на Министерството за внатрешни работи, дека ја измамиле државата за повеќе од 200 милиони долари. Потоа руските сили за безбедност го уапсија поради наводна даночна измама.

САД обвинија 18 руски функционери дека биле вмешани во смртта на адвокатот Магнитски. Поради протест, американската влада стави во сила закон со името „Magnitsky Act“. Врз основа на овој закон САД воведоа мерки како забрана за влез и блокада на банкарските сметки против функционерите.

Русија реагираше со одмазнички мерки и во април годинава стави 18 Американци на црна листа. Во образложението се вели: Санкциите на САД „не биле пријателски чекор“. „Војната на листите не е наша одлука, но ние мораме да реагираме на оваа еклатантна уцена“, објави руското Министерство за надворешни работи. Но тоа не е се'. Претседалот Владимир Путин воведе и закон, кој на американски државјани им забранува присвојување на руски деца. Ова налути и многумина Руси.

„Апсурден процес“

Во актуелниот процес руските судии не го осудија само починатиот Магнитски, туку и неговиот поранешен шеф, роден американски граѓанин со британско државјанство Вилијам Броудер од финансиското претпријатие „Хермитејџ капитал“. Тој не престојува во Русија. Судот досуди девет години затвор во работен логор поради затајување на данок „во голем стил“.

Заштитниците на човековите права како и членовите на семејствата ги обвинија правосудните органи и другите власти дека покривале тешки повреди на човековите права.