1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Почеток на судењето во Хаг против Бошковски и Тарчуловски

Во Трибуналот за воени злосторства во Хаг денеска официјално започна судскиот процес против двајцата македонски државјани: екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски. Обвинителството ги образложи обвиненијата, кои ги товарат за извршени воени злосторства и прекршување на правилата на војување за време на конфликот во Македонија во 2001-ва година. Беше прикажана видео снимка со убиството на Кадри Јашари,кој во цивилна облека се обидува да избега од селото пред да биде убиен од огнено оружје.Како што беше договорено на предпроцесната конференција на 12 април, процесот ќе продолжи на 7 мај со сослушување на сведоци.