1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Почеток на претседателската кампања во Франција

Во Франција од денеска официјално започнува претседателската изборна кампања.Две недели 12-те кандидати ќе можат да врбуваат гласачи преку настапи на радиото и телевизијата.Изборите ќе се одржат на 22 април.Според анкетите, конзервативниот поранешен министер за внатрешни работи Никола Саркози е во тесна предност пред кандидатката на Социјалистите Сеголен Ројал и Франсоа Бају од владината партија УДФ.На четврто место е десниот екстремист Жан Мари Ле Пен.Кој ќе биде наследникот на Жак Ширак ќе се знае веројатно во вториот изборен круг,на 6 мај.