1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Почеток на нова ера во Италија

Признатиот економски експерт Марио Монти е нов премиер на Италија. Тој изјави дека сака веднаш да започне со работа откако италијанскиот претседател Џорџо Наполитано синоќа му го довери мандатот за состав на нова влада.

default

Марио Монти доби мандат за формирање преодна влада во Италија

Доверувањето на мандатот за состав на нова влада од италијанскиот претседател Џорџо Наполитано на 68-годишниот Марио Монти за Италија значи почеток на нова ера. Онаа на Берлускони се чини завршена, некои дури зборуваат веќе за трета Република. Марио Монти навистина не е ни малку повеќе или помалку отколку шеф на привремена влада, чиј персонален состав уште не е познат и која треба да ја извршува функцијата до крајот на легислативниот периoд во 2013 година. Тоа е барем желбата на италијанскиот претседател, кој својата земја повторно сака да ја врати во мирни води по должничката криза.

„Од утре до крајот на април стигнуваат за наплата околу 200 милијарди евра државни долгови, нив мора да ги обновиме преку финансиските пазари. Во моментов е нужно избегнување на нови избори, кои би значеле вакуум во власта. Тоа мора да го согледаат сите политички и социјални сили во земјата, на кои нејзината иднинa им лежи на срце“, изјави Наполитано.

Монти најави враќање на патот на економски развој

Italien Entscheidung im italienischen Senat für das Sparpaket

Италијанскиот сенат

Северната лига, Антикорупциската партија на Италија и делови на партијата на Берлускони, Народ на слободата, напротив, сакаат итни нови избори. Но, и партијата Народ на слободата синоќа по сондирачките разговори со шефот на државата јасно стави до знаење: „Го подржуваме Марио Монти, иако под одредени услови, а тоа е временски ограничен мандат на новата влада, а содржински-таа да ги исполни реформиските барања на ЕУ“, изјави нејзин претставник.

Овие услови сигурно нема да му го олеснат владеењето на Марио Монти, но професорот од Милано има искуство во тешки преговори. Тој од 1994 до 2004 беше комесар во ЕУ. Во времето важеше за „најмоќниот човек“ во Брисел, затоа што како комесар за внатрешниот пазар и услуги во ЕУ се конфронтираше со големите концерни. Сега од новоименуваниот премиер зависи иднината на Италија.

„Нашите напори ќе бидат насочени кон санирање на финансиите. Сакаме да се вратиме на патот на економски развој, на нашите деца им должиме достоинствена иднина и надеж“.

Берлускони не сака да се повлече од политиката

Italien Regierung Regierungswechsel November 2011

Берлускони поднесе оставка на премиерската функција, но не се повлекува од политиката

Во својата последна телевизиска порака пак досегашниот италијански премиер Силвио Берлускони својата оставка ја означи за акт на великодушност и чувство на одговорност, затоа што ја загуби довербата при гласањето во парламентот: „Жално беше што мојата оставка беше примена со свирежи и погрдни зборови. Но, за разлика од неколкуте стотици демонстранти, милиони Италијанци знаат дека направивме се‘ за да ги заштитиме нашите семејства и фирми од светската криза, која ги погоди сите индустриски држави“.

Во истата телевизиска порака Берлускони најави дека не сака да се повлече од политиката. Тој планира, „дуплирање“ на својот ангажман во парламентот. Освен тоа, Берлускони е подготвен на поддршка на привремената влада, за чиј состав Марио Монти веќе ги започна преговорите.

Автор: Тилман Клајнјунг/ Ж.Ацеска

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM