1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Почеток на нова ера во европската култура

Со клик на компјутерското глувче до Мона Лиза или Марија Калас, Библијата на Гутенберг или словенечки народни песни. Културните богатства на Европа отсега бесплатно ќе бидат достапни преку интернет порталот - Еуропеана.

default

Мона Лиза ќе може да се види и преку интернет

Мамутскиот проект започна. Слики, книги, музика, видео снимки, богатства стари илјада години стануваат достапни со само едно притискање на копчето на компјутерското глувче. Културната историја на Европа за првпат е презентирана на заеднички интернет портал (www. europeana.eu).

„Ова се порти за влез во ризницата на европската култура со сета нејзина разноликост“, порача претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо на свеченоста со која беше пуштен во употреба порталот Еуропеана.

Дигитализација на целокупното европско културно богатство

На интернет порталот може да се види само она што досега е дигитализирано. Процесот на дигитализација на книгите во меѓувреме се одвива целосно автоматски, додека за уметничките дела како сликите или скулптурите и натаму станува збор за рачна работа .

Screenshot Europeana Internetportal

Еуропеана

Европската унија го подржува овој проект. Таа има намера да го забрза процесот и во наредните две години ќе ја поттикне дигитализација на уметничките дела и културното богатство со 120 милиони евра. Досега инаку се обработени околу 2 милиони објекти. Еден процент од нив се дела на германските поети и филозофи. Елизабет Нигеман, претседателка на Фондацијата европска дигитална библиотека истакнува дека во Германија постои многу материјал кој меѓутоа е распореден во различни културни институции.

„Кога нашиот проект повеќе нема да биде само прототип, туку вистинска интернет услуга, ние во Еуропеана ќе ја преставуваме Германија онака како што и доликува“, вели Нигеман.

10 милиони посетители во првите часови

Европската дигитална библиотека на интернет ќе отвори повеќејазичен портал за културното богатство во националните библиотеки, архивите и музеите од сите 27 земји држави членки на ЕУ. Сите податоци се достапни за бесплатно користење. Еуропеана има амбициозни цели. До 2010 години веќе треба да бидат дигитализирани 10 милиони уметнички дела и културни богатства.

Сонот на многу научници, книжевници, истражувачи и студенти ќе се оствари. Во иднина никој повеќе нема да мора да ја обиколи половина Европа, за да ги пронајде документите и книгите кои му се потребни. Тоа го потврдува и фактот дека во првите часови од пуштањето во употреба на интернет порталот Еуропеана повеќе од 10 милиони интернет корисници го посетиле онлајн музејот. Започнува нова ера на европската култура.