1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Почеток на изборната кампања за локалните избори

На полноќ започнува изборната кампања за претстојните локални избори што ќе се одржат на 24 март. Кампањата трае 20 дена, а на 23 март е изборен молк. Рокот за доставување кандидатски листи е продолжен до 8 март.

default

По постигнувањето на политичкиот договор и прекинувањето на бојкотот од опозицијата, вчера Собранието на Македонија го продолжи рокот за доставување кандидатски листи за советници и градоначалници до 8 март на полноќ од страна на регистрирани политички партии или коалиции.

Колкава ќе биде вкупната бројка учесници на овие локални избори се очекува да се знае откако ќе заврши овој рок, кој вторпат се продолжува.

Се очекува ДИК повторно да направи измени на роковникот, а исто така по потврдувањето на листите треба да се изврши жребување меѓу новопријавените кандидати. Според најавите од ДИК по првото продолжување на рокот кој беше до 3 март на полноќ, редните броеви на кандидатите кои доставија листи во законски предвидениот термин односно до 16 февруари остануваат исти, а единствената листа на кандидати ќе биде дополнета само со новопријавените кандидати.

Кандидатурите, според законот, треба да ги разгледа и Комисијата за верификација на фактите која треба да изврши проверка дали кандидатите за идни советници или градоначалници соработувале со тајните служби.

Локалните избори во Македонија ќе се спроведат во 80 општини и во Градот Скопје. Во избирачкиот список за гласање на локалните избори се запишани вкупно 1.743.403 избирачи.