Почеток на генералната дебата во Њујорк | Вести | DW | 25.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Почеток на генералната дебата во Њујорк

*

Шефовите на држави и влади ќе присуствуваат на отворањето на генералната дебата на ОН во Њујорк. На почетокот на седумдневната маратонска дебата ќе зборува американскиот претседател Џорџ Буш. Во текот на денот ќе се обрати и германската канцеларка Ангела Меркел. Попладне пред присутните говор ќе одржи и македонскиот претседател Бранко Црвенковски кој беше еден од учесниците на форумот за клима. Вчера тој се сретна со претседателите на Летонија и Литванија, Валдис Залтерс и Валдас Адамкус и претседателот на американско еврејскиот конгрес Џек Роен.