1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Почетни успеси и многу предизвици

Во Охрид денеска (04.12.2008) се одржа конференција на Заедницата на единиците на локалната самоуправа - „Три години од процесот на децентрализација на власта“.

default

Охрид: општините бараат поголема финансиска самостојност

На конференцијата се слушнаа различни оценки за степенот на децентрализацијата во Македонија.

Во изминативе три години општините се претворија во микро лаборатории за економски и демократски развој, при што процесот на децентрализација беше силно врзан со процесот на демократизацијата. Ова меѓу другото го рече вицепремиерот Ивица Боцевски, при што нагласи дека и општините се врзани во процесот на приближување на Македонија кон ЕУ. И во извештајот на Европската комисија, рече Боцевски, нагласен е клучниот момент за македонското напредување на патот кон Унијата.Тоа се фер и демократски локални и претседателски избори, кои земјата ја очекуваат напролет.

Platz in Veles, Mazedonien

Велес: според тамошниот градоначалник, потребни се порадикални реформи во корист на граѓаните

Изборите - главен тест

И според евроамабасадорот Ерван Фуере претстојните избори ѓе бидат главен тест за земјата и затоа тој порача тие да бидат фер и демократски без насилство и нерегуларности. Фуере особено ја истакна улогата на градоначалниците, заедно со централната власт, да го овозможат тоа. Според Фуере, политиката треба да биде формирана на најснико ниво со што се зголемува можноста граѓаните да влијаат врз донесувањето на одлуките.Така полесно ќе ги исполнуваат даночните обврски, а тоа ќе го забрза економскиот развој на земјата.

Со слична порака излезе и вицепремиерот Боцевски:

Мој апел е до сите органи, не само владините, туку и останатите, до сите полтички чинители во наредниот период политичката кампања да ја водат согласно со демократската практика. Претседателот на ЗЕЛС Коце Трајаноски рече дека како прва генерација градоначалници имале тешка задача да го трасираат патот на децентрализацијата.

„Успеавме да го измениме Законот за комунални такси, законот за минерални суровини, а голем успех постигнавме со измената на законот за градење, каде 80 проценти од продажбата на градежното земјиште сега се слева во општинските каси.

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски со став:

„Многу е важно со кого се споредуваме. Одговорно можам да ви кажам дека Македонија е многу понапред од Косово и од Србија и Босна и Херцеговина и затоа треба да ја охрабриме владата да прави многу порадикални реформи во наредниот период, за да се подобрат услугите во општините и граѓаните да добијат многу поквалитетни услуги.“

Никој од градоначалниците во Македонија не може да биде задоволен кога статистичките податоци покажуваат дека македонските општини трошат најмалку од државниот буџет.Тоа во Македонија изнесува од прилика седум проценти, а централната власт троши 93 проценти.Тврдам дека Македонија е сеуште фискално најцентрализираната земја во Европа.