1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пофалби за еврото, пари за Грција

Грција денеска ќе ја добие првата транша од 20 милијарди евра. Како во иднина ќе им се помага на земјите-членки кои се соочуваат со финансиски проблеми? За ова дебатираа министрите за финансии од еврозоната.

default

Оли Рен и Жан Клод Јункер

Вкупно дваесет милијарди евра денеска ќе бидат префрлени во касата на Грција. Од нив 14,5 милијарди доаѓаат од земјите-членки на ЕУ, додека останатите 5,5 милијарди ги обезбедува ММФ. Ова е првата транша од финансиската помош во износ од вкупно 110 милијарди евра, истакна рано утрово еврокомесарот задолжен за економски прашања, Оли Рен, по вчерашната средба на министрите за финансии во Брисел.

Чуварите на касите од земјите на евро-зоната таму ги договараа деталите околу огромниот пакет од 750 милијарди евра, наменет за стабилизирање на еврото и избегнување банкрот на некои земји-членки. Министрите најмногу се задржале на подробностите околу идното европско друштво со специјална инвестициска цел, кое треба да позајмува пари на финансиските пазари во име на сите земји од еврозоната, што потоа ќе им ги распределува на оние земји кои имаат потреба од нив.

Разлики меѓу Германија и Франција?

Според дипломатски извори, различни мислења се појавиле околу начинот на кој оваа постапка ќе се одвива. Притоа имало голем конфликт меѓу претставниците на

Wolfgang Schäuble Belgien Brüssel EU Eurogroup

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле

Германија и Франција. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле инсистирал одобрувањето финансиска помош да се разгледува за секоја земја одделно, додека француската министерка за финансии, Кристин Лагард се залагала на сите евроземји, кои се на работ на банкрот, да им се даде принципиелно право да посегнат по фондовите за помош на ЕУ.

Со оглед на цврстиот став на Шојбле, претседателот на еврогрупата, луксембуршкиот премиер Жан Клод Јункер, наводно изнервирано извикал: „Што е доволно, доволно е!“ Шојбле, пак, ги демантираше гласините за разлики во мислењата меѓу Германија и Франција. Постигнат е голем напредок во преговорите околу пакетот за стабилизирање на еврото, соопшти Шојбле. За него сепак најголем приоритет има намалувањето на дефицитите „Мораме да го редуцираме дефицитот, мораме да го зацврстиме спроведувањето на Европскиот пакт за стабилност и развој и да го зголемиме економскиот раст. Меѓутоа, редуцирањето на дефицитите е задача што секој посебно и сите заедно треба да ја извршиме.“

Еврото „веродостојна валута“

Juncker Eurogruppe Brüssel

Шефот на еврогрупата Жан Клод Јункер

На средбата на министрите за финансии на еврозоната исто така станало збор и за падот на вредноста на еврото на девизните пазари. Меѓутоа, зедничката европска валута и натаму останува „веродостојна валута“, истакна Јункер, додавајќи дека цените останале стабилни повеќе од единаесет години, а така ќе биде и во иднина. Според шефот на еврогрупата, потребна е построга контрола на хеџ-фондовите: „Моите залагања се ова да го сториме на европско ниво, меѓутоа со предуслов и финансискиот центар Лондон да учествува. Потоа би можеле ваквиот модел да го извезуваме како пример во светот. Постојаното криење зад Американците или останатите земји не е долгорочно решение“, истакна Јункер.

На вчерашниот состанок во Брисел, евроминистрите за финансии постигнале согласност и околу воведувањето данок на финансиските трансакции. Еврозоната исто така планира на меѓународниот паркет да се заложи за поголемо учество на финансискиот сектор во справувањето со кризите. Ниту една земја немала ништо против овој предлог. Министрите за финансии од еврозоната искажале и задоволство од плановите за штедење на Шпанија и Португалија.

Автор: ФВ/ ТТ/ ГЧ/ дпа/ ртре/ афп/ дв

Редактор: Александра Трајковска