1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пофалби, ама и тужби за судиите во Управниот суд

Во струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изразија задоволство од одлуката на Управниот суд за прегласување во девет избирачки места во Струга. Кандидатот за градоначалник на Струга од ДПА пак најави тужби против судиите.

Досегашниот заменичка на претседателот на Управниот суд на РМ, Виолета Богоевска денеска е назначена за вршител на должноста претседател на
Управниот суд, по вчерашната оставка досегашниот претседател на Судот, Исамедин Лимани. Тој си поднесе оставка откако во понеделникот (15.04) беа прифатени поголем дел на тужбите што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ на одлуките на Државната изборна комисија за гласањето во вториот круг во Центар и во Струга.

Спротиставени реакции во Струга

Во денешната реакција на одлуката на Управниот суд кандидатот за градоначалник на Општина Струга од ДПА Зијадин Села ги повика граѓаните на третиот
изборен круг да ја покажат нивната демократска свест и да излезат на мирни
избори и најави дека ќе поднесе и тужби против судиите во Управниот суд на
Република Македонија.
„Повикувам на мирно гласање, како што е со закон предвидено. Исто така ве
уверувам дека без разлика дали е дозволено или не е со закон, јас како граѓанин
и како градоначалник ќе ги тужам сите тие судии за злоупотреба на функцијата,
но и сите министри и пратеници кои ја злоупотребија нивната функција“, изјави Села.

Од другастрана претседателот на струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Перо Петкоски денеска истакна оти Управниот суд донел одлука во полза на вистината и се надева на трет изборен круг на кој ќе се одржат регуларни избори и во кој ќе победи подобриот на регуларен начин. Според него, одлуката на Управниот суд за прегласување во девет избирачки места во Струга е потврда, како што рече, за бројните нерегуларности во вториот изборен круг.

В недела, на 21 април во Општина Струга ќе се прегласува на три избирачки места во градот, на исто толку гласачки места во селото Октиси, на две места во Подгорци и на едно избирачко место во Боровец. Овие места опфаќаат околу 7.500 жители.

Од Коалицијата „Заедно за Струга“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ велат дека третиот круг на гласање ќе влијае врз конечниот резултат, зашто во претходниот, кандидатот за градоначалник на ДПА Зијадин Села беше во предност пред Владимир Кочоски со околу пет илјади и 500 гласови.

Управниот суд вчера покрај тужбите за Струга прифати 32 од вкупно 34 тужби на ВМРО-ДПМНЕ за вториот круг од гласањето во скопската општина Центар. Со тоа греѓаните во Центар повторно ќе избираат меѓу Владимир Тодоровиќ, кандидат за градоначалник на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Андреј Жерновски од „Сојузот за иднината“ на чело со опозициската СДСМ.

„Црвен картон за Тодориќ

Жерновски одлуката на судот ја нарече срамна, истакнувајќи дека со неа се поништува волјата на граѓаните. Негови приврзеници денеска со свирчиња и црвени картони, демонстрираа пред штабот на неговиот противкандат Владимир Тодоровиќ за да го изразат незадоволството затоа што во Центар ќе се прегласува и третпат.
„Вчера македонската јавност беше сведок на еден криминален инженеринг, каде
што брутално има намера и за жал се успеа во таа намера да се згази волјата,
достоинството, на граѓаните на жителите, на гласачите во Општина Центар.“, рече Жерновски. Тој појасни дека сите избирачки места каде што изгуби Тодоровиќ се поништени, што е доказ, според него, дека ова е фарса од избори што се случува во Македонија, која денес не може да се најде дури ни во оние африкански
држави, каде што што диктатурата е во полн сјај.

Поврзана содржина