1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Потресни приказни на децата-робови

Во годините по војната, илјадници британски деца биле испратени во Австралија со цел да служат како „основа за населување со белци". Децата таму живееле во ужасни услови и биле третирани како робови.

default

Децата биле преселени од Велика Британија во Австралија, Нов Зеланд и Канада

Станува збор за особено црно поглавје во британската повоена историја. Беа потребни повеќе децении за деталите на принудното иселување на децата во оддалечени делови на поранешното британско колонијално царство, да бидат изнесени на виделина. Во времето меѓу 1900 и 1970 година, британските влади во Лондон подржуваа специјални програми со кои околу 150.000 деца беа принудно преселени во Австралија, Канада , Нов Зеланд и Родезија, сегашна Замбија.

Има две причини за иселувањето

Australien Tasmanien

Во Австралија им бил ветен добар живот на децата

За ваквото иселување имало две причини, се дојде до заклучок при парламентарно истражување пред неколку години. Првата причина е расизам. Имено, во тоа време била потребна таканеречена добра основа за бело население во оддалечените делови на британското царство. Децата, кои останале сираци или потекнувале од самохрани мајки и‘ сиромашни семејства на тој начин не и‘ биле на товар на британската држава.

Малите принудни емигранти имале меѓу 3 и 14 години. На децата пред тргнувањето им бил ветен добар живот, но она што го нашле таму биле ужасни услови за живот. Тие работеле како робови на накои фарми, биле прегладнети, малтретирани и злоупотребувани. Состојбата била толку лоша што на Еди Батлер, кога денес се сеќава на неговото детство, едноставно му доаѓаат солзи на очите: „Тешко беше, многу, многу тешко“-вели Еди.

Длабоки и неизлечиви рани

Еди имал само десет години, кога го иселиле од Велика Британија, а неговите родители не ги видел никогаш повеќе. Во Австралија бил сместен во домот за сираци „Биндон“, што припаѓал на редот на христијанските браќа. Еди бил злоупотребуван и морал многу напорно да работи. Тоа беше многу тежок живот, вели тој.

Домовите на христијанските браќа биле особено познати во Австралија. Децата добивале малку за јадење, биле систематски тепани и сексуално злоупотребувани. И ден-денеска жртвите страдаат од телесните и душевните рани во текот на нивното загубено детство.

Домот функционирал како вистински логор

Sklaverei in der Antike

Децата работеле како робови и биле измачувани

Христијанските браќа подоцна мораа да се извинат поради малтретирањето на младите иселеници и да им платат отштета. Сандра Анкер, која имала 6 години кога ја иселиле во Австралија, за нејзиното детство може да зборува само со солзи: „Тогаш имавме очаен живот. Тоа беа години на беда. Не знаевме од каде доаѓаме и каде се наоѓаме. “

Извинувањето на австралискиот премиер Кевин Рад децата емигранти од тоа време го примија со задршка. Но, тие чекаат и владата во Лондон да се извини за тоа што се правело со нив. Имено, владата е таа што ги спроведувала шокантните програми за преселба на децата. Неверојатно е тоа што целата таа работа траела речиси до 70-те години на минатиот век.

Се чека на извинување

Британскиот премиер Гордон Браун сака наскоро да се сретне со претставници на жртвите и во новата 2010 година исто така да се извини за сторената неправда од страна на тогашните влади.

Автор: Барбара Везел / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Жана Ацеска