1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Потребно е регионално решение за Ирак

Бејкеровата комисија предлага нова стратегија за Ирак. Нема конкретни рокови за повлекување на американските трупи пред да им се помогне на Ирачаните во стабилизацијата на земјата.Земјите од регионот мора да се вклучат во решението на ирачката криза.

default

Посебна група експерти под водство на поранешниот министер за надворешни работи Џејмс Бејкер денеска ќе ги претстави своите препораки за новата политика во Ирак. Нешто од тоа е веќе познато,како на пример дека нема конкретен датум за евентуално повлекување на американските трупи ,но се предлага редуцирање на военото присуство и натамошна подршка за јакнење на сигурносните сили во Ирак. Така што во земјата побрзо да завладее мир.

Влијателниот шиитски политичар Абдел Азис ел Хаким уште при неодамнешната посета на Белата куќа на претседателот Буш му потврди дека го одбива надворешното решение за Ирачката криза, и смета дека овој проблем мора да биде решен со сопствени внатрешни сили . Истовремено шиитскиот премиер Нури ал Малики ја отвори вратата за интернационализација на проблемот. Неговите пратеници веќе оствариле контакт со соседните земји за можно организирање на меѓународна конференција за Ирак.

Инаку пред две години во египетскиот Шарм Ел Шеик беше одржана таква конференција но без резултат затоа што Американците сметаа дека сами можат да го контролираат развојот на ситуацијата во Ирак.

Во меѓувреме состојбата се промени:безбедносната ситуација во земјата уште повеќе се влоши , додека во Вашингтон дојде до смена на власта,па сега во Белата куќа се размислува за промена на курсот во Ирак.

Идниот министер за одбрана Роберт Гејтс во Сенатот отворено кажа дека САД моментално не може да зборува за победа ,ниту би можело да се разгледува постепеното повлекување на трупите од оваа земја, што е препорака на Бејкеровата комисија.Што се однесува до предлогот на комисијата во решението за конфликтот да се вклучат и ирачките соседи Сирија и Иран,претседателот Буш за тоа засега не сака ни да слушне.На сите заинтересирани страни во конфликтот им е јасно ,дека брзото повлекување на американските трупи би довело до поголем хаос во Ирак, што од друга страна би навело на заклучокот дека Американците се повлекуваат како губитници ,што се случи во Виетнам .Постепеното повлекување би било можно и тоа само под услов ирачката влада да биде во можност сама да ја контролира ситуацијата во земјата.Тоа би можело да се случи од јуни месец идната година рече премиерот Малики но неизвесно е дали тоа може и да се оствари.

Можноста би била поголема ако Ирак во решавањето на конфликтот ги вклучи не само соседите Сирија и Иран ,туку и останатите земји од регионот. Така, сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Муалем веќе иницираше соработка со Багдад ,а иранскиот претседател Талабани исто така му понуди помош на Иран. Дијалогот со САД во Дамаск и Техеран во принцип не се отфрла.Но тој има и своја цена. Двете држави очекуваат расчистување на односите со САД, на што американскиот претседател Џорџ Буш сеуште не е подготвен. Меѓутоа најблиските соседи на Иран имаат интерес за мир во оваа земја. Поради тоа изгледите за решавање на конфликтот на регионално ниво не се лоши. Што побрзо се случи тоа и Американците ќе бидат во состојба за достојно повлекување.