1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Потребни се резултати - лидерска средба за надминување на разликите

Во Скопје денеска ќе се оддржи уште една лидерска средба во обид да се надминат разликите околу приоритетните закони пред самитот на НАТО. За напредокот на Македонија премиерот треба да зборува во јануари во Брисел.

default

Од претходна лидерска средба

Логиката на политичките приоритети и преговори и закономерностите како да не важат за македонските лидери. Преку 90 насто од граѓаните посакуваат членство во НАТО и Македонци и Албанци, но нивните водачи не можат да ги премостат личните и партиски ривалитетие. И денешното нивно среќавање е обид да се договорат за приоритетните закони и реформи, сведени на пет до шест до јануарскиот термин.

Последните две парламентрни седници само го потврдија разликите за евроатланските проритети. Лидерот на СДСМ Шеќеринска, го прозва премиерот зошто несака да се соочи со парламентрците и зошто манипулира кој е виновен за застојот на реформите. Наместо од парламентрната говрница, синоќа премерот Грувески на опозициските прозивики одговори преку медиумите зборувајќи за бројот на законите кои се изгласани и кои чекаат на одобрение од Парламентот.

Вакви пораки во албанскиот блок, лидерите на владеачката ДПА и опозициската ДУИ индитректно ги разменија преку своите парламентарци.

Потребни се резултати

Каква компромисна формула ќе понуди премиерот Никола Груевски, на чија инцијатива е денешната средба со Шеќеринска, Ахмети и Тачи? Дали тие ја примаат пораката од амбасадорката на САД, Џилијан Миловановиќ која неделава со доза на сарказам рече дека веќе и е здодевно да повторува и предупреди дека се потребни резултати. Со нејзино посредништво четворицата лидери денеска ја актуелизираат НАТО агендата зошто САД сакаат да видат резултати за наредниот месец кога се очекува во текот на јануари и реферирањето на премиерот Груевски на собирот на НАТО во Брисел.