1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Потребни се милијарди за обнова на Авганистан

Париз е домаќин на конференција за Авганистан, на која претставници од 80 земји и организации, разговараат за обновата на земјата. Претседателот Хамид Карзаи повика на поголеми напори за обнова на неговата земја.

default

Авганистанскиот претседател Карзаи во Париз

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер на конференцијата во Париз, официјално понуди 420 милиони евра германска помош, за обнова на Авганистан до 2010 година. „Мислам дека нема да дојдеме до успех, доколку на луѓето во Авганистан не им овозможиме економска перспектива, која нема да биде важна само за државните институции, туку и на обичните луѓе, за нивните конкретни животни перспектви“ изјави Штајнамер.

Тој ги отфрли шпекулациите околу зголемувањето на бројот на германските војници во Авганистан. Штајнамер апелираше до авганистанските власти, засилено да се борат против корупцијата. Шефот на германската дипломатија сепак смета дека и меѓународната заедница мора поефикасно да ја спроведува помошта и да се концентрира на земјоделството „Јас мислам дека при нашиот ангажман во Авганистан, не треба едноставно да ги вклучиме автопилотите и да оставиме самостојно да тече развојот во земјата. Напротив. Затоа сме присутни на оаа годишна проверка, која е важна за нас, за нашиот ангажман да продолжи онаму каде навистина сме потребни.“

Потребна е догорочна поддршка

Инаку авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и’ порача на меѓународната заедница дека треба да се подготви за долгогодишна поддршка на неговата земја. Седум години по уривањето на режимот на Талибанците се забележува напредок, но потребни се натамошни напори, нагласи Карзаи. Тој процени дека за натамошните пет години ќе бидат наопходни 30 милијарди долари за реализација на планот за развој, што го објасни пред претставниците на околу 80 земји и организации. Главни точки во него се зајакнувањето на полицијата и армијата, изградба на инфраструктурата и поттикнувањето на земјоделството.

Американскиот министер за надворешни работи, Кондолиза Рајс, пред заминувањето во Париз, соопшти дека САД во наредните две години ќе го помогнат развојот на Авганистан со околу 6,4 милијарди евра.