1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Потребна е храброст за непопуларна одлука

Поранешниот шеф на грчката дипломатија Теодорос Пангалос тврди дека времениот договор меѓу двете земји бил прекршен веднаш по потпишувањето и дека повеќе сака преговорите да се водат без притисок.

default

Пангалос: Атина не сака притисоци

Поранешниот грчки министер за надворешни работи, Теодорос Пангалос, уште на почетокот на разговорот за Дојче Веле потсетува дека проблемот со името го создаде неговиот поранешен колега по функција Самарас од конзервативната влада на Мицотакис, со нивната максималистичка позиција „дека нема да се прифати држава со терминот Македонија во нејзиното име.“

Der ehemaligen Grieschischen Aussenminister Theodoros Pangalos

Пангалос: ја изгубивме нитката

Денес позициите на сите политички сили како никогаш досега не биле толку обединети во Грција.

„За тоа што го направи Караманлис треба да се аплаудира, со што се надминува претходната теза, со прифаќањето на сложеното име за земјата, во кое ќе се најде терминот Македонија. Но на начин со кој нема да има недоразбирања и проблеми со Македонија која постои во Грција.“ – вели актуелниот грчки пратеник од опозиционата ПАСОК.

Име со географска одредница

„Нашето мислење во Атина е сега кога направивме чекор да признаеме едно сложено име, сега другата страна треба да прифати име со географска одреденица. Морам да ви речам, со сета моја искреност дека не знам зошто тое е тешко за нив. Тие се нова држава, географската одредница ниту ја намалува, ниту ја понижува државата која покрај терминот Македонија би го имала уште зборот Северна, Горна, со престолнина Скопје... Тоа е решението, кое со нетрпеливост чекаат да го најдеме нашите меѓународни партнери“ вели Пангалос.

„Ако земјата прифати да се вика официјално Горна Македонија или Северна Македонија не гледам зошто таа ќе го изгуби својот идентитет. Потребно е да се има храбро однесување и да се донесе една непопуларна одлука. Знаете, и кај нас не е популарна одлуката за сложено име на земјата.“

На ред ќе бидат потоа реалните проблеми

Потоа според Пангалос може да се зафатат со реалните проблеми, како безбедносните проблеми на земјата, вклучувајќи го тука и нејзиниот територијален интегритет и единството, за кој треба да биде поддржана.

„Јас ја кажав реченицата, која многу ме чинеше: Ако една таква земја не постоеше, требаше да се измисли. Тоа го тврдам и денес, ние имаме интерес да бидеме соседи со една мала земја. Вие добро знаете дека не оди заедно да се имаат лоши политички и дипломатски односи и истовремено да се имаат тесни економски врски. Ние сме првите инвеститори во земјата, ние културно сме блиски, можеби и најблиски од сите други земји во регионот, затоа треба да се надмине оваа приказна за името.

Повеќе спорни гестови

Во минатото од двете страни имаше несреќни гестови кои не ја олеснаа дебатата, признава Пангалос, како од грчка страна неприфаќањето на терминот Македонија во името на државата, термин кој е од суштинско значење за идентитетот на земјата. А од другата страна, првото македонско знаме, потоа преименување на аеродромот во Скопје во Александар Велики.

„Реферирањето на грчката култура не е навреда за Грците, напротив. Зошто тогаш не го именуваа аеродромот „Икар“, не е проблемот во грчката култура и традиција, тоа е заедничко историско наследство на целиот свет. Во спротивно ќе биде параноја.“

Околу ветото во Букурешт, кое во Македонија е доживеано како навреда, Пангалос изразува разбирање за тоа, но тоа нема да им наштети на преговорите. Додавајќи дека Привремениот договор од 1995 година е прекршен веднаш.

„Не треба да се биде хипокрит. Времената спогодба никогаш не беше почитувана. Тие успеаа, што е факт, да го заменат ФИРОМ со уставното име во односите со над сто земји, што значи дека цело време се работеше во спротивност со договорот. Догворот не беше почитуван уште од самиот почеток. “

Пангалос посакува преговорите за името да се одвиваат без приотисоци, но сепак американските притисоци не треба да се дискфаликуваат.

За актуелните односи на двете земји Пангалос мисли:

„Мислам дека односите кои ги имаме не се лоши. Но потребно е во текот на годината да се реши проблемот со името на начинот на кој ви опишав. Знаете, повеќе години под моја одговорност работевме на сложеното име, и покрај тоа што грчката позиција тоа не го прифаќаше. Ние успеавме да дојдеме многу блиску до решение кога г-динот Георгиевски беше премиер. Потоа не знам што се случи, имаше проблеми, ја изгубивме нитката, се сменија владите и министрите и се најдовме во иста ситуација.“