1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Потребна е посилна соработка меѓу Германија и Кина во безбедносните теми

Германија и Кина според мислење на германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг , мораат потесно да соработуваат во безбедносната политика . На почетокот од посетата на Пекинг, Јунг уште изјави дека двете земји имаат многу заеднички безбедносни интереси. Тој притоа укажа на споровите со Иран и Северна Кореја околу нивните атомски програми како и на кризата во Судан . Во сите овие случаи потребна е помош од Кина истакна Јунг, кој се наоѓа на азиска турнеја во рамките на која ќе ги посети и Јужна Кореја и Јапонија.