1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Потребна е политичка храброст за заштита на климата

Лидерите на земјите-членки на ОН денеска (22.09.2009) во Њујорк разговараат за климатските промени воочи клучниот Самит во Копенхаген, кој треба да донесе промена на курсот во меѓународната политика за климата.

default

Се’ треба да биде договорено до Копенхаген

„Ако продолжиме вака, нема да успееме„

По последната неофицијална преговарачка рунда во август во Бон, шефот на секретаријатот за клима на ОН, Иво де Боер беше видливо потиштен. Имено, на оваа трета од вкупно пет преговарачки рунди пред планираното потпишување на новиот меѓународен договор за климата во декември во Копенхаген, не можеше да се почуствуваат големи придвижувања. Денеска Генералното собрание на ОН , ќе разговара за климата на своевидна мотивирачка рунда.

„ Во основа има две теми, кои стојат на патот на склучувањето на договорот, за кои апелираше и генералниот секретар на ОН. Едната тема е како индустриските земји да преземат предводничка улога во намалувањето на емисијата на штетни гасови. Другата тема е еден веродостоен и сеопфатен пакет за финансирање, кој ќе го направи ова меѓународно партнерство интересно и за земјите во развој, за да не одат тие по нивниот сопствен пат. Тоа се двете главни теми, кои во моментов ги забавуваат преговорите“, додава шефот на Програмата за заштита на животната средина на ОН, Ахим Штајнер.

UN Klimasekretär Yvo de Boer

Холанѓанецот Иво де Боер секретар за климата на ОН

Компензација за земјите во развој?

Тој ќе биде присутен и на седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк за да се заложи за еден адекватен и обврзувачки договор во Копенхаген. Тоа пред се’ значи компензациски исплати и трансфер на технологија во земјите во развој, Тоа е потребно поради неколку причини. Прво, тие не можат економски да си ги дозволат мерките за адаптација. Второ тие се оние кои први ја плаќаат цената на промената на климата-во форма на суши, недостаток на вода, поплави и зачестени природни катастрофи предизвикани од промената на климата. И тоа иако самите немаат придонесено за климатските промени.

Иако во меѓувреме владее единство околу долгорочната цел за ограничување на глобалното затоплување на максимални два целзиусови степена, сепак тоа ни оддалеку не е доволно за склучување на договорот во Копенхаген, вели Иво де Боер.

„Дури и ако успееме да го ограничиме затоплувањето под два степена, се’ уште ќе доживуваме катастрофални последици од промената на климата. Ние мораме не само да ги намалиме емисиите на ЦО2 туку и да им помогнеме на сиромашните земји да се адаптираат на последиците од климатските промени. Затоа за во Копенхаген се битни не само тие два степена туку и финансиски обврски“.

Светот е оправдано загрижен

Steigende Treibhausgase

Намалувањето на штетните издувни гасови- еден од врвните приоритети

Токму тука се заглавени преговорите. Досега имено нема на повидок обврзувачки ветувања од страна на индустриските земји за такви компензациски исплати.

Од другастрана стопанството сега бара точно утврдување на границите за испуштањето во атмосферата на јаглерод диоксид, што досега како цел си го поставија само индустриските земји. Преку 500 големи концерни, поради тоа побараа склучување на веродостоен договор во Копенхаген. Можеби ова барање ќе им даде нов полет на преговорите, зашто техничките и финансиските можности се веќе исполнети, истакнува Ахим Штајнер:

„ Дали проблемите можат да се решат? Апсолутно, сметам. Дали ние ќе ги решиме проблемите? Верувам дека светот е загрижен поради добра причина. Во моментов не гледаме политичка храброт, водечка политичка улога и подготвеност да се направи првиот чекор, што ни е потребен за да склучиме договор за климата во Копенхаген“.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун сака да ја постигне токму оваа подготвеност во Њујорк. Потоа барем членките на Г 20 на Самитот во Питсбург ќе имаат можност подетално да поразговараат за тоа, пред наредната рунда на преговорите за климата што во октомври треба да се одржи во Бангкок.

Автор: Хеле Јепесен/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска