1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Потребна е политичка дебата

Последните анкети во Македонија покажуваат дека една третина од гласачкото тело не се определиле за кого ќе гласаат на изборите. Расте бројот на оние кои ќе апстинираат. Кандидатите ја заоструваат предизборната реторика.

default

Од заедничкиот појадок на кандидатите за претседател

ВМРО-ДПМНЕ синоќа во Скопје го одржа централниот митинг кој го одбележа долг и гламурозен огномет. На предизборната манифестација учествуваа сите градоначалници и министри од владата, како и голем број на симпатизери кои беа донесени од внатрешноста на земјата. Плоштадот во Скопје беше полупразен, а митингот помина без многу еуфорија, препознатлива за митинзите од последните три години на владејачката партија.

Сондажите покажуваат растечка апстиненција

Mazedonien Alte Frau an einer Wahlurne Symbolbild undatiert Foto: Petr Stojanovski

Да се мотивираат гласачите

Последните анкети покажуваат дека една третина од испитаниците кои сеуште не се определиле за кого ќе гласаат. Сашо Ордановски, новинар и аналитичар смета дека главната причина за ваквиот резултат на анкетите е отсуството на политичка дебата меѓу кандидатите за претседателската функција. Новинарот Никола Младенов исто така смета дека се потребни дебати за да се мотивира излезноста на гласачкото тело. Меѓутоа тој смета дека кај владејачката партија не постои подготвеност за такво нешто.

Остра предизборна реторика

Frckoski Kandidat Wahl in Mazedonien

Љубомир Фрчкоски

Претседателските кандидати во меѓувреме го заоструваат речникот на меѓусебните обвинувања и дисквалификации. Љубомир Фрчкоски побара Ѓорѓи Иванов да се повлече од кампањата, откако тој изјави дека им сугерирал на своите студенти да ја поддржат и да се потпишат под претседателската номинација на Нано Ружин, како своевидна интерна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија пак го прозва Фрчкоски дека името им го продал на Грците за еден милион американски долари пред петнаесет години и за тоа барал поддршка од поранешниот престедател Киро Глигоров. Дел од експертската јавност смета дека кандидатите за претседател го одбегнуваат спорот за името со Грција, или пак за него зборуваат паушално.