1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Потребна е здрава дипломатија и многу христијанска етика“

Продолжуваат преговорите меѓу Македонската и Српската православна црква. Неформална средба на црковните делегации на двете спротивставени страни била искористена за договор да се обнови дијалогот.

default

Членот на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ, владиката Методиј, за Дојче Веле открива дека платформата врз која ќе продолжат разговорите меѓу раскараните цркви може да биде заедничкото сослужување.

„Драго ми е што слушам дека таа идеја повторно почнува да циркулира во преговорите, односно во иницијативите за преговори - сослужувањето како начин на почеток на решавање на проблемите“, вели владиката Методиј.

Стратегија наскоро

Македонската православна црква, наскоро, на синодска седница ќе гради стратегија за настап на преговорите со црковен Белград. Македонската православна црква бара афтокефалност, а Српската црква нуди поголем степен на автономија. Која е крајната

Ikonostas Sv.Jovan Bigorski

граница под која нема да се прават отстапки?

„Мислам дека е контрапродуктивно да се шпекулира со непроверени ставови. Некој од тоа може да се инспирира, некој да се навреди. Мислам дека она што е најважно е сите да се концентрираме со многу здрава дипломатија и со многу христијанска етика и да го решиме проблемот. Компромис значи секој да го добие она што не го сака, но мислам дека во овие преговори треба сите да го добиеме она што го заслужуваме“, оценува владиката Методиј.

До позиција во православието преку Белград

Тој не крие дека патот на МПЦ до рамноправна позиција во православието води преку Белград.

Mazedonien Orthodox Weihnachten

„Ние, административно, тоа треба таму да го решиме и во таа смисла можеби треба посеризоно да пристапиме кон проблемот, односно не посериозно, туку поцрковно да му пристапиме.“

Проблемот е политички, но црквите не треба да чекаат политиката да се занимава со спорот туку да се потрудат да го решат преку црковни механизми.

Прогнозите на експертите се разликуваат

Наспроти ваквата позиција на Владиката Методиј експертите прогнозираат дека спорот е нерешлив се‘ додека не биде надминат проблемот со името што државата го има со Грција. Несогласувањето меѓу Македонската и Српската православна црква почна пред многу години, но ескалираше во 2002 година по неуспехот на Нишкиот договор и пребегот на владиката Јован Вранишковски. Оттогаш, односите се речиси целосно замрзнати, а иницијативите за омекнување на позициите резултираа со неуспех.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM