1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Потреба од баланс за ист развој на Европа

Земјите од ЕУ и оние кои сакаат да станат членки на Унијата се залагаат за надминувањето на регионалните диспаритети. Експертите велат дека клучот е во регионалната соработка.

default

Охрид

За спроведувањето на регионалните политики усогласени со Европската унија во Охрид дискутираа претставници од 16 земји од Југоисточна Европа и Кавказот, но ги слушнаа и експертите од Европската унија: „Потребна ни е политичка волја, слушнавме дека ја има. Ни требаат добри развојни програми и институции кои преку тренинг ќе ги развијат своите капацитети во регионот“, изјави за Дојче веле, Паскал Горген претставник на Белгија, земјата претседавач со ЕУ.

ИПА – фондовите широко отворени за Македонија и регионот

И додека некои од земјите од Југоисточна Европа се дел од Унијата другите водат преговори или пак се’ уште се во предворјето, како што е Македонија: „ИПА е претпристапен фонд, но за земјите кои ќе станат членки на ЕУ е важен и така наречениот ’Кохезиски план’. Урбаните средини би било добро да ги апсорбираат овие фондови во наредниот период. Треба да се развие интересот за прекуграничната соработка, тука лежи иднината за развој на регионите“, додава Горген.

Како да се аплицира и како да се контролираат парите?

Генерално се видливи диспаритетите на пример меѓу главните градови и внатрешноста, што зборува за дисбаланс во капацитетите за примена на европските стандради и вредности. Прашања безброј: како да се аплицира и како да се контролира во

GTZ Logo

чиј џеп завршуваат парите? Позитивна оценка за Македонија во поглед на создавање капацитети дава и Улрике Гантцер Зомер одговорна за Германската техничка помош и соработка во Македонија и Албанија: „За првпат Македонија ја посетив во 1994 година за да формираме програма за развој и гледам видлив напредок. Ќе бидеме во Македонија и во наредниве неколку години. Повеќе ќе работиме на регионално ниво врз развојните програми во Македонија и Албанија и во останатите земји од регионот. Искуствата се задоволувачки оценувајќи ги и овдешните соработници, но понекогаш имаме одредени политички проблеми кои ги надминуваме во од. Но, ние како GTZ им помагаме на луѓето како да стигнат до нивните цели.“

„Охридска агенда за регионален развој на ЕУ “

„Германската влада има две агенции, KfB банката за финансиска поддршка и GTZ за техничка помош и соработка. За проектите од осамостојувањето на Македонија до сега сме вложиле 100 милиони евра. Помагавме во економски напредок на земјата, во аграрот, во поддршката на економските реформи и регионалниот развој“, вели Зомер.

Досега Македонија објави два јавни повици за проекти со Албанија, по еден со Бугарија и Грција, а во подготовка е повикот со Косово.

На Конференцијата организирана од Министерството за локална самоуправа со поддршка на Германското друштво за техничка соработка беше усвоен документ „Охридска агенда за регионална политика во ЈИЕ и Кавказот“ со препорака за конкретните потреби на регионот усогласени со националните и регионалните политики на ЕУ во периодот 2014 - 2020 година. Овој докумeнт формално ќе биде доставен до институциите на ЕУ.

Автор: Милчо Јованоски


Редактор: Александра Трајковска