1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Потрага по универзална религиска азбука

Нема поголем залог за иднината освен да се насочиме кон вистински културен и религиски плурализам.Така ќе стигнеме до нова универзална религиска азбука, беше речено на првиот ден од Меѓурелигиската конференција во Охрид.

default

Македонскиот премиер Груевски имаше обраќање на конференцијата

Древниот Охрид по втор пат за неполни три години е светски религиски центар. Место на кое над 300 претставници на различни верски конфесии си подаваат рака и отвораат дијалог на меѓусебно разбирање и почитување. Взаемните почитувања и натаму остануваат предизвик на ова време рече Гуидо Чеколи , претставникот на Комитетот на министри при Советот на Европа.

Толеранцијата не е попуштање и не смее да се сфати како давање на своето . Таа е почитување на заедничкото,рече на чинот на отворањето на конференцијата премиерот на Република Македонија Никола Груески : „Животот, сепак е културен натпревар, но не мора да се убиваме или поробуваме едни со други наметнувајќи ги нашите култури , цивилизации и религии над останатите.Наместо тоа , кога имаме отворен дијалог помеѓу нас и кога межусебно подобро ќе се запознаеме , тогаш воочуваме дека нашите разлики почнуваат да бледнеат и ги откриваме нашите заеднички црти.“

Mazedonien Weltkonferenz zum interreligiösen und Dialog

И овој собир е желба во современото општество религијата да продолжи да биде цврст темел на мирот и дијалогот меѓу цивилизациите.рече Архиепископот на МПЦ, господин, господин Стефан:

„Религијата има потенцијал и треба да ги спојува различните народи и култури и покрај човечките слабости , посебно во денешен контекст на плурализам и разнородност , како што се нагласува и во соопштението од Светскиот собир на верските поглавари одржан во Москва во 2006 година.“

Со размената на искуства и почитта кон другите на современиот човек кој е во потрага по материјалните добра ќе му се испрати јасна и конкретна порака за дијалог меѓу религиите и културите, рече претседателот на Исламската верска заедница во Македонија, Реиз Ул Улема Сулејман Реџепи.

Во потрага по заедништвото

Валентина Божиноска директор на Комисијата за односи со верските заедници говорејќи за потрагата по заедништвото ја апострофираше состојбата на Македонија во политички , но и религиска смисла:

„Ние , Македонците сме верифицирана нација, библиски, благочестив и мирољубив народ .Но, за жал не моќам да кажам дека водејќи се од Боќјите правила успеваме да најдеме духовен мир во светот во кој живееме , особено кога е во прашање мојата земја Република Македонија. Овој собир на духовни лидери се случува во време – невреме кога мојот народ се соочува со сериозни предизвици , со непризнавање на националниот и верскиот иднетитет.Со силна верба во Бога им простуваме на сите оние кои не негираат и истовремено го негираат Неговото послание за еднаквост меѓу сите луѓе.“

Македонија треба да има самостојна црква

Mazedonien Weltkonferenz zum interreligiösen und Dialog



„Во Македонија треба да постои црква во рамките на државата. Треба да имате самостојна црква- изјави денеска на Втората меѓурелигиска конференција, Никола Црнокрак, професор на Институтот „Свети Сергер“ во Париз.

На новинарско прашање, дали Српската православна црква е под грчко влијание кога се работи за оспорувањето на МПЦ, Црнокрак не даде конктерен одговор.

„Веројатно, тука има некои врски, вие сигурно тоа го знаете подобро од мене. Потребни се дипломатски врски, многу размислување, но и да се работи на тоа поле. Сметам дека тоа прашање може да се реши, со голема интелигенција и разум“.

Две третини од европејците имаат секојдневни контакти најмалку со едно лице од друга вера или народност.Ова го покажало истражувањето на Еуробарометар., потенцираше кардиналот Винко Пулиќ, претставник на Светата Столица - Ватикан.

„Дебатата за иднината на Европа и за улогата на верниците во процесот на изградба на заедничката куќа , не може да а да не се соочи со општото прашање на културниот иднетитет на европскиот континент, дури и пред своите политички можности и стопанскиот развој.Проектот заедничка куќа тесно се поврзува со прашањето на европскиот културен идентитет.“

Како новина на сите досегашни конференции, на оваа ќе биде темата за хиерархиската поставеност на женската теологија во религијата. Меѓурелигискиот дијалог ќе заврши утре со донесување заедничка декларација.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Симе Недевски