1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Потрага по дипломатско решение

Хавиер Солана во Иран го однесе новиот пакет понуди на меѓународната заедница за решавање на атомскиот спор. Кои се шансите на новиот предлог?

Хавиер Солана кај Манухер Мотаки во Иран

Хавиер Солана кај Манухер Мотаки во Иран

Европејците и натаму се водачи во преговорите околу атомскиот спор со Иран. Најновата промена на американската политика, според која Вашингтон под одредени услови би можел да биде подготвен да учествува во директни преговори досега се само понуда. Барем една поврзана за предуслови, кои бараат Иран да запре со облагодорувањето ураниум. Се чини неверојатно, дека владата на Ахмадинеџат толку брзо ќе и излезе пресрет на американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс.

Европскиот дипломат Хавиер Солана сега останува директен преговарач на режимот во Техеран. Тој вчера го однесе пакетот понуди на меѓународната заедница. „Појдовната позиција на Иранците не е позитивна, но се надеваме, дека пакетот ќе биде доволно интересен, за Иранците сериозно да размислат.“

Овој пакет содржи потстрек но и одредена закана. Пред се’ во понудата се содржани нови можности за кооперација - Техеран со децении во голема мерка е меѓународно излоиран. Тоа се на приерм трговски олеснувања, подобра размена на стоки со ЕУ и делумно да се укине забраната испорака на технологија на Иран. Поединостите до сега се држат во тајност но меѓу другото дел од понудата треба да е и реактор на лесна вода. Во американскиот печат уште се пишува дека Вашингтон на пример би бил подготвен на Иран да му испорача резервни делови за авион кои веќе одамна се потребни.

Досега на јавноста не и е познат обемот на заканите против Техеран. Според руската страна во секој случај не постои закана со воен напад. Остануваат значи економските санкции – со оглед на обостраната зависност на извоз и увоз нафта, тие и натаму се меч со две острици.

Само една изјава на Иран како онаа од понеделникот дека е загрозна испораката на нафта од регионот се рефлектираше на меѓународниот пазар. Но вчера сепак се појави надеждта дека рационална спогодба со Иран би била можна откако Техеран препозна позитивни точки во меѓународната пакет понуда. Евроспкиот дипломат Солана истакна „Со ова вистински ќе покажат, дали мислат сериозно со производството енергија. Доколку го одбијат пакетот, тоа одново ќе биде јасен знак дека се стремат кон облагодорување ураниум кој служи за нуклеарно оружје. Со тоа ЕУ и меѓународната заедница би се довеле во опасна ситуација.“

Што тогаш ќе се случи останува нејасно, но и Солана ја повторува неговата основна порака се надеваме на решение преку дијалог и предупредува „Но за тоа Иран мора да ги признае правилата на игра на меѓународната заедница.“ – рече Солана за тоа досега има малку знаци.