1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Потрага по времињата минати

Охрид со природни предиспозиции да ги развива спортовите на вода, сега е град без затворен пливачки базен. „Златните“ години на маратонците, пливачите, едриличарите, ватерполистите се сон. Како до препород и спонзори?

default

Времињата одмана се сменети. За квалитетен, па макар и масовен спорт на вода, не е веќе доволно разбрануваното сино Охридско езеро. Пливањето и пливачите кои ја понесоа славата на Охрид низ светот се историја. Охридската пливачка школа згасна, нема затворен базен, разочарано вели Соња Думбаловска – Делова, некогаш активен пливач и тренер, а сега професор по физичка култура: „Како повеќегодишен главен судија на

Schwimmen, Olympische Disziplin

Пливање

Охридскиот маратон, се срамам затоа што Охрид нема свој претставник – пливач. Така е последниве 20 години, освен обидот на Александар Маленко, кој го преплива езерото.“

Легендарните Атина Бојаџи, Климе Савин, Нико Нестор и ред други нема кој да ги замени, ниту од далеку да ги постигне нивните успеси. И отворениот базен на Спортскиот центар е даден под концесија и руиниран. Без базен, шансите се мали наскоро да се роди некој нов талент.

По пливањето, го снема и ватерполото

Пред околу 15 години згасна и ватерполо клубот „Охридски бранови“ формиран по Втората светска војна. Приказната идентична, вели новинарот Сашо Нелоски,

Segelboot auf dem Wannsee in Berlin Segeln

Едрилици

некогаш активен ватерполист: „Главна причина е нефункционирањето на Олимпискиот базен. Иако, и претходно ватерполото стагнираше бидејќи затворените базени во хотелите не функционираа, а сега тие се претворени во конгресни сали. Охрид треба и мора да размислува за изградба на затворен базен, бидејќи вродениот талент што го имаат охриѓани може да придонесе нашите спортисти да запливаат на европските базени и да се натпреваруваат со најелитните ватерполо екипи.“

Планирани два затворени базени, само кој да ги почне?

Државата и локалната власт најавуваат, не еден туку два затворени базени. Се препукуваа за локација, а сега и светската криза се испречи пред идејата за оваа скапа, ама

Wasserball Deutschland-Russland

Ватерполо

долгорочна инвестиција во спортот. Локалната власт кај каналот Студенчишта и во урбанистичките планови зацрта Центар за развој на спортови на вода. Ама без инвеститор и јасен концепт уште долго ќе се чека на него. Додека веслачите „живуркаат“ и ги има на домашните и меѓународни натпревари, засега светла точка се едриличарите. Не попусто едрилиците се најубавиот бел украс на езерото. Љупчо Поп Стефанија претседател на Едриличарската федерација на Македонија вели: „Агенцијата за млади и спорт одвојува по некој денар. Но тоа се пред се’ наменски пари за стручна работа и за меѓународни настапи.“

За жал спортовите на вода не се фудбал, ракомет или кошарка. За нив кај потенцијалните спонзори и донатори интересот е далеку помал. Иако државата донесе закон за даночни олеснувања ако се инвестира во спортот, додава Поп Стефанија: „За спонзорство компаниите се ослободени со 3, а за донација до 5 проценти од данокот на добивка. Баравме овој процент да се зголеми за оние компании кои сакаат да помогнат наместо кај државата парите да ги пренасочат во спортот.“

Спортот е наука, инвестиција, ама од него Охрид може и да профитира. Треба само надлежните да седнат и заеднички да ги решат недоразбурањата. Или се` ќе биде како во филмот „Исправи се Делфина “ – Издржи, ама до кога?

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Александра Трајковска