1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Потпишан договор за соработка меѓу Дојче Веле и МРТВ

Првите луѓе на Дојче Веле и на Македонската радио и телевизија Ерик Бетерман и Борис Ставров денеска во Скопје потпишаа договор за соработка. Тој предвидува емитување на содржините на Дојче Веле на фреквенциите на македонското радио, како и засилена соработка на технички и содржински план меѓу двете медиумски куќи. На прес конференцијата во Скопје, Бетерман изјави дека „оваа соработка има за цел Македонија да се приближи до срцето на Европа, како што всушност гласи и слоганот на Дојче Веле“. Ставров пак додаде дека „основната идеја за овој договор е интензивирање и продлабочување на четиридецениската соработка“.