1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Потпишан договорот за проширување на ЦЕФТА

Претседателите на владите од Македонија,Србија и Црна Гора,Хрватска,БиХ,Романија,Албанија,Молдавија и претставниците на УНМИК денеска во Букурешт ја потпишаа Декларацијата за проширување на ЦЕФТА,договор за слободна трговија во Централна Европа.

Букурешт,романскиот главен град,каде е потпишана Декларацијата

Букурешт,романскиот главен град,каде е потпишана Декларацијата

Документот базира на клучните принципи за слободна трговија во регионот дефинирани со ЦЕФТА,но содржи дополнителни посовремени елементи што се однесуваат главно на трговските спорови,на спроведувањето услуги и на заштитата на правата на интелектуалната сопственост.Потпишувањето на Декларацијата практично ги официјализира политичките преговори за проширување и модернизирањ ена ЦЕФТА што на денешниот самит во Букурешт ги почнаа премиерите на земјите од ЈИЕ.,а според најавите треба да завршат до крајот на годинава.Тие се согласија дека осовременувањето на договорот ќе значи создавање нова,подобра перспектива на регионот преку зголемување на странските инвестиции,на економскиот просперитет и на политичката стабилност.Се разрешуваат дилемите околу натамошноот постоење на ЦЕФТА и на новата идеја на ЕК за формирање слободн атрговска зона во ЈИЕ.

-Станува извесно дека ЦЕФТА и натаму ќе егзистира но ќе се надградуваат принципите на кои таа почива,а со она што го има Пактот за стабилност како идеја,наместо посебни договори за слободна трговија,земјите од регионот да имаат еден,изјави премиерот Владо Бучковски по завршувањето на Самитот и потпишувањето на Декларацијата.

-Новата ЦЕФТА,додаде Бучковски,ќе и овозможи на Македонија привлекување странски инвестиции и поголем извоз на пазарите во ЕУ.Резултатите на Македонија според извозот во ЕУ според нашите проценки ќе бидат далеку подобри во следната петтолетка,од 2001 година се случи кризата,но треба да се нагласат и негативните искуства за кои зборуваа и другите држави денес.Договорите за слободна трговија покрај придобивките имаа и многу мани,посебно во делот на квотите за земјоделски производи каде се покажа дека и покрај добрата волја на сите да ги отворат пазарите,постоеја бариери.Се надевам дека со новите договори што ги правиме,ова ќе се надмине,напомена претседателот на македонската влада.

Според него,Македонија мора да биде подготвен аза конкуренцијата на соседите што сеуште не се дел од ЕУ.

Бучковски по завршувањето на Самитот се сретна со австрискиот канцелар Волфганг Шисел,во текот на разговорите македонскиот премиер се осврнал на ситуацијата во земјата по добивањето статус кандидат за членство во ЕУ,а Шисел му порачал дека Македонија мора да продолжи со реформите.Тој најавил нови инвестиции од Австрија,за што според него како по дефиниција за австриските бизнисмени статусот кандидат за членство во ЕУ значи сигурен сигнал дека е вистинско време за вложување или подобро отколку кога државата ќе биде членка на Унијата.

Шисел нагласил дека Македонија треба да продолжи со реформите.Кандидатскиот статус е магична врата,таа се отвори,сега се зависи од вас,е пораката на Шисел.

Бучковски оствари средби со албанскиот коега Сали Бериша како и со прмиерот на Косово Агим Чеку.Бучковски и Бериша констатирале дека Македонија и Албанија во иднина треба да работат на заеднички регионални проекти посебно во делот на инфраструктурата.

Чеку пак на средбата со Бучковски потенцирал дека прашањето со границата е техничко и во никој случај нема да ги доведе во прашање добрососедските односи меѓу Македонија и Косово.Косово,истакнал Чеку,ја смета Македонија за пријателска соседна држава и е подготвено да стори се што ќе биде побарано од мадедонска страна за да ја увери дека за Косово постојаната административна граница е државна.