1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Потпишана “ Берлинската декларација“

Лидерите на земјите членки на ЕУ денеска во Берлин ја усвоија тн “Берлинска декларација“ по повод 50 годишниот јубилеј од потпишувањето на Римските договори, кои беа основа за формирање на унијата. Со документот земјите се обврзуваат да најдат излез од кризата со уставот до 2009 година и да продолжат со реформите. Германската канцеларка Ангела Меркел во говор пред присутните во салата на историскиот музеј повика на решение на кризата и усвојување на заеднички устав. 50 годишниот роденден се одбележува со забава пред Бранденбуршката капија, која вечерва ќе кулминира со голем музички концерт.