1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Потерница по Љубе Бошковски

Македонскиот парламент денеска треба да одржи итна седница на која ќе се расправа за имунитетот на пратеникот од опозиционата ВМРО ДПМНЕ, Љубе Бошковски. Собранието треба да ја прифати или отфрли одлуата на комисијата за мандатно-имунитетни прашања, која во петокот даде зелено светло за одобрување притвор на екс-министерот за внатрешни работи, поради случајот ”Раштански лозја”.

Вчера истражниот судија задолжен за случајот, распиша потерница за присилно спроведување на Бошковски. Потерницата би била активирана веднаш по завршување на сендицата на парламентот, доколку тој донесе одлука за одземање на пратеничкиот имунитет на Бошковски.

Правните застапници на Бошковски, информираа дека тој е веќе приведен, дека не знаат каде тој се наоѓа, но дека претпоставуваат дека е во некоја од полициските станици. Портпаролот на македонското министерство за внатрешни работи, Мирјана Контевска, ги демантираше ваквите информации, нарекувајќи ги ”груби дезинформации”. Таа изјави дека полицијата го барала Бошковски во неговата куќа во Скопје и во хотелот каде што престојувал деновиве, но не го нашла.

Бошковски е осомничен за кривично дело убиство на шестмина Пакистанци и еден Индиец во околината на Скопје, во март 2002 година. Тогаш Бошковски тврдеше дека се работи за терористи, но истрагата покажа дека станува збор за економски емигранти.