1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Потерница за тројца осомничени во „Шпион“

Министерството за внатрешни работи на Македонија на барање на судот распиша меѓународна потерница за тројцата осомничени кои се недостапни на полицијата во случајот „Шпион“.

На тројцата осомничени во случајот „Шпион“ по кои сега е распишана потерница истражниот судија во Основниот суд Скопје 1 им одреди мерка притвор во отсуство. Еден од тројцата по кои полицијата трага е и новинарот Зоран Божиновски, уредник на порталот Буревесник.

МВР во акцијата „Шпион“ поднесе кривична пријава против вкупно 20 лица. Тие се товарат дека оддавале информации на странски безбедносни служби, главно на соседна земја. Осомничени се дека се занимавале и со измами и уценувале јавни личности и лица од бизнис заедницата. Истражниот судија во Основниот суд Скопје 1 им одреди мерка притвор од 30 дена на 16 притворени во акцијата „Шпион“, а на еден од осомничените мерка домашен притвор поради лоша здравствена состојба. Меѓу притворените се шефот на кабинетот на собранискиот спикер, Марјан Маџовски, поранешниот директор на Агенцијата против перење пари, Ване Цветанов, полицискиот генерал Горан Стојков и Александар Динески од Управата за безбедност и контраразузнување.

Првоосомничениот, означен како мозок на операцијата, Марјан Евремов, поранешен вработен во Агенцијата за разузнавање, се товари за злосторничко здружување, шпионажа, измама и уцена.