1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Потемнето олимпиското шоу на Пекинг

Покривот на светот, Тибет, одеднаш се најде во фокусот на светската јавност. И сега е неповратно тука она од што страхуваше Пекинг: неизбежното поврзувањето на Олимписките игри и човековите права.

default

Овој стадион во Пекинг требаше да биде доказот за хармонијата во Кина

Се мораше да биде од убаво поубаво и тоа со сите сили. Одушевувањето за Олимписките игри во Пекинг ја надмина и одново здобиената самодоверба. Кина имаше намера во Пекинг да се претстави како модерна држава на исто ниво со големите во светот. Конечно, по скоро 3 децении беспримерна економска трка.

Меѓутоа, сега веќе никој не се интересира за прекресните стадиони, за впечатливите кулиси преку кои требаше да се пренесе дел од хармоничниот заеднички живот на многунационалното семејство во Кина. Демонстрантите во црвени наметки на покривот на светот ја турнаа Кина во поинаква слика. Најблаго речено – Кина на брутална употреба на сила против каков и да е отпор.Со вџашеност се гледаат сликите на возмутените маси. Ескалацијата на насилството е резултта на параноидниот прогон на оние што мислат поинаку. Бруталниот настап на властите против мирните демонстранти ја преполни чашата.

Пекиншкото раководство нема да штеди напори да ги истакне успесите во стопанската изградба на земјата. Бројките за растежот се доволно впечатливи. Меѓутоа, таквиот развој минува покрај Тибетанците. Тие пред се се користат како питорескни носители на шарени костуми за очите на туристите, како статисти во еден егзотичен Дизниленд. Сигурно централната влада презеде многу за да ги подобри условите за живот на покривот на светот. Патем, под власта на ламите тие не беа посебно добри, како што романтично се прикажува на Запад. Затоа Пекинг не разбира зошто Тибетанците не им се благодарни. Вистината е едноставна: тие не ја бараа власта на Кинезите. Тие не беа прашани и нема ни да бидат. Најмоќната личност на Тибет е партискиот секретар. Тој досега секогаш беше Кинез. И Ху Џинтао, кој на викендот беше повторно избран за претседател на државата од Националниот конгрес, веќе беше на таа функција. Во 1989 година беше одговорен за крвавото задушување на последниот голем протестен бран на Тибет.

Т

олку безобѕирно како тогаш, Пекинг овојпат нема да ги задуши демонстрациите. Денес на сите страни постојат мобилни телефони со камери, денес патуваат многу туристи како потенцијални сведоци. Сепак, владата со сите средства ќе спречи широк пожар, секако и со сила.

Сепак, бојкот на Олимписките игри би била грешка. Дури и Далај Лама е против. Зашто и покрај сите напори на Пекинг, сега е неодминлива поврзаноста на Олимписките игри и политиката за човековите права. Овој инструмент треба да се искористи.