1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Потврден нападот во Сомалија

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изрази загриженост поради американските воздушни напади во Сомалија и предупреди на можна ескалација на ситуацијата во оваа земја. На тој начин конфликтот може да добие нови димензии, изјави во Њујорк портпаролката на Бан, Мишел Монтас:

Американците го потврдија воздушниот напад

Американците го потврдија воздушниот напад

Американските воздушни сили на југот од Сомалија атакуваа наводни скривалишта на Ал Каеда. Притоа, според информациите на соработниците на тајните служби, биле убиени десет лица, меѓу нив, наводно и организаторот на нападите на Ал Каеда врз американската амбасада во 1998 година.

Портпаролот на Белата куќа Тони Сноу, вчера потврди:

„Можам да потврдам дека е извршена воена операција во Сомалија. За деталите ве упатуваме на министерството за одбрана„.

Инаку, по победата на преодната влада со поддршка на етиопските трупи, борците на исламистичките милиции се повлекоа во јужниот пограничен дел кон Кенија.