1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Потврден идентитетот на уапсените за петкратното убиство

Македонската министерка за внатрешни работи Јанкулоска го потврди идентитетот на двајцата осомничени за петкратното убиство кај Смилковско Eзеро, кои беа уапсени во Приштина.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, потврди дека лицата коишто вчера беа уапсени се првоосомничените за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

Дактилографските траги или отпечатоци кои утрово ги добиле од косовската полиција се совпаѓале со отпечатоците на Алил Демири и на Африм Исмаиловиќ.

„Утрово од страна на косовската полиција ги добивме нивните дактилоскопски траги кои по проверката во базите на МВР се потврди дека соодветствуваат на идентитетот на лицата, што значи дека нивниот идентитет целосно се поклопува и дека тоа се Исмаиловиќ Африм и Алил Демири“, рече Јанкулоска.

При претресот на становите кои се наоѓале во населбата „Сани хил“ во Приштина, каде биле уапсени лицата, било запленето оружје коешто допрва ќе се вештачи и ќе се утврдува дали можеби тоа оружје било користено за убиствата. Двајцата обвинети се наоѓаат во 48-часовен екстрадиционен притвор и кога ќе се комплетира целата документација и ќе се извршат сите процедури се очекува лицата да бидат екстрадирани во Македонија.

Демири и Исмаиловиќ биле уапсени по меѓународна потерница којашто ја распиша МВР на Македонија како обвинети во случајот „Монструм“, односно како извршители на петкратното убиство.

Поврзана содржина