1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Потврдени смртните казни поради фудбалските безредија во Египет

Судот во Каиро ги потврди смртните казни за 21 обвинет за безредијата на еден фудбалски натпревар во градот Порт Саид. Освен тоа, изречени се уште десетици казни затвор во траење од една година до доживотно.

Обвинети беа вкупно 73 лица. Меѓу обвинетите имаше и фудбалски навивачи и припадници на безбедносните сили. Судот изрече казни доживотен затвор за петмина обвинети и многу други казни затвор во различно траење. Ослободени се 28 лица, а меѓу нив се седуммина од вкупно деветтемина обвинети припадници на безбедносните сили.

Шефот на полицијата, кој тогаш бил надлежен за случајот, е осуден на 15 години затвор. Безбедносните сили се соочуваат со обвинение дека ги посматрале безредијата што се случија на натпреварот меѓу клубовите Ал Масри и Ал Ахли пред една година без да преземат што било.

Навивачите на Ал Масри влегоа на теренот

Уште за време на натпреварот имаше судири меѓу навивачите на двата клуба. По завршување на натпреварот, навивачите на Ал Масри влегоа на теренот и ги нападнаа навивачите на гостинскиот тим. Во безредијата беа убиени 74 луѓе.

Судењето од безбедносни причини беше дислоцирано во Каиро, поради тоа што во Порт Саид со недели имаше жестоки протести и насилни судири поради судскиот процес.