1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Потврдени пресудите против турските генерали

Турскиот Касациски суд денеска (09.10.2013) ги потврди пресудите за високите армиски старешини, осудени за учество во заговор за соборување на исламистичко-конзервативната влада, попознат како операцијата „Чекан“.

Турскиот Касациски суд денеска ги потврди затворските казни на повеќемина поранешни високи офицери на турската армија, кои минатата година беа осудени под обвинение за учество во заговорот за соборување на исламистичко-конзервативната влада, попознат како операцијата „Чекан“.

Во процесот за операцијата „Чекан“ вкупно беше судено 361 лице. Касацискиот суд ги потврди пресудите од 20 години затвор на поранешниот командант на Првата армија, генерал Четин Доган, поранешниот командант на Воената морнарица, адмирал Јозден Јорнек и поранешниот началник на Военото воздухопловство, Халил Ибрахим Фортана, како и пресудите од 18 години затвор за поранешниот командант на Првата армија, генерал Ергин Сајгун, за поранешниот началник на воените академии, генерал Билгин Баланаја, за поранешниот главен секретар на Советот за националана безбедност, Шукри Сарашак и за генерал Енгин Алан.

Истовремено судот ја укина пресудата затвор за 63 осудени во процесот и ги потврди ослободителните пресуди за 34 лица. Пред изрекувањето на судската одлука во околината на зградата на Касацискиот суд беа преземени засилени безбедносни мерки.

Според обвинителниот акт, операцијата „Чекан“ предвидувала спроведување на серија атентати - од напади врз џамии до соборување турски ловци при судири со грчкото воено воздухопловство, со цел да се создаде атмосфера на хаос како поволна почва за извршување преврат.

Судскиот процес за операцијата „Чекан“ почна во декември 2010 година, а пресудите беа изречени на 21 септември минатата година.