1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Потврдена смртната казна за “Хемикал Али”

*

Ирачкиот апелационен суд денеска ја потврди смртната казна за тројца поранешни соработници на диктаторот Садам Хусеин. Меѓу нив е и Али Хасан Ал Маџиџ, познат како Хемикал Али. Тој е осуден дека ја организирал воената кампања против ирачките Курди во

80-те години кога загинаа 100 000 лица. Останатите двајца се поранешниот министер за одбрана Султан Хашим и заменик командант на ирачката војска, Хусеин Рашид. Според одлуката на судот, казната треба да биде извршена за 30 дена.