Потврдена смртната казна за бугарските медицински сестри во Либија | Вести | DW | 11.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Потврдена смртната казна за бугарските медицински сестри во Либија

*

Врховниот суд на Либија ја потврди смртната казна за петте бугарски медицински сестри и палестинскиот доктор кои се осудени дека намерно заразиле над 400 деца со вирусот на ХИВ, во една локална болница. Шесте обвинети повторно ја нагласија нивната невиност. Според нив инфекцијата се случила поради лошите хигиенски услови во болницата. Само највисокиот правен совет сега може да ја одбие или промени одлуката. Министерстовото за надворешни работи во Триполи соопшти дека правниот совет ќе оддржи средба во понеделник. Советот на Европа и Комсијата на Европската унија изразија вчудовидување поради одлуката на врховниот суд на Либија. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер го повика либанското правосудство да најде одговорно решение.