1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Потврда на бојкотот

Демократската Унија за Интеграција преку Централниот Одбор ја потврди одлуката за напуштање на Собранието, незадоволна од владиното непочитувањетна бадинтеровиот принцип . Политичката борба ја продолжува преку општините во кои владее. Утре лидерот Али Ахмети во таа насока ќе оствари средба со градоначалниците од редовите на ДУИ. Александар Чомовски известува

Али Ахмети

Али Ахмети

Централниот одбор на ДУИ вчера едногласно го потврди решението на претседателството на партијата нејзините 14 пратеници да го напуштат македонскиот парламент, соопшти претседателот на партијата Али Ахмети. “Како политичка партија не сме подготвени да бидеме дел од една институција и од политички процес во кој во континуитет се врши мајоризација и надгласување на Албанците” - рече Ахмети и го повтори залагањето за вистински дијалог со власта. ДУИ решила политичката битка отсега да ја води преку општините. В понеделник Ахмети ќе се состане со градоначалниците од редовите на својата апртија на договор за натамошното дејствување.