1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Построга контрола на банките и реформа на ММФ

Во Сеул заврши Самитот на Групата 20 најразвиени индустриски земји и земји во подем. Постигнат е договор за построга контрола на банките и реформа на ММФ. Решавањето на спорот за трговската нерамнотежа е одложено.

default

Реформата на Светскиот финансиски систем конечно започнува. Германската канцеларка Ангела Меркел е задоволна од Самитот на Г20 во Сеул. Таа утринава изјави дека е најважно што Г20 по кризниот менаџмент почна да се насочува кон иднината.

Шефовите на држави и влади на Г20 постигнаа согласност за построга контрола на банките. Основа за тоа е т.н Базел 3 договор. Освен ова, земјите на Г20 ја усвоија реформата на Меѓународниот монетарен фонд. Германската канцеларка истакна дека во Г20 гледа растечка подготвеност за економско-политичка соработка. Тоа е

Angela Merkel G20

Ангела Меркел е задоволна од Самитот на Г20

најважната порака што ќе биде пренесена и на француското претседателство со Г20, кое започнува веднаш со завршувањето на Самитот во Сеул .

Мачни преговори

Инаку, уште во текот на вчерашниот ден Меркел успеа да оствари своевидна победа, откако барањето на САД за ограничување на трговскиот суфицит не наиде на мнозинска поддршка кај учесниците на Самитот. Канцеларката денеска истакна дека дискусијата за слободната трговија на Самитот во Сеул добила важен рејтинг:

„Јас јасно укажав дека за нас е важно, и за тоа добив голема поддршка, да имаме слободна трговија во светот,

G20 Seoul Gruppenfoto

Решавањето на спорот за трговската нерамнотежа е одложено

да немаме никаков протекционизам, зашто на овој начин за Германија и во Германија можат да се отворат многу работни места. Но, тоа исто така важи и за другите земји.“

Меркел: Победи духот на заедништво

И покрај сиот напредок во Сеул, Меркел говореше и за честопати мачните и тешки преговори во кои, сепак, на крајот победил духот на заедништво.

„Сметам дека кај тешките прашања за кои требаше да преговараме е нормално претходно да се водат критички и контроверзни дискусии, но секој Самит на Г20 досега покажа дека шефовите на држави и влади на крајот сносат одговорност и знаат дека сигналите до луѓето во светот за работни места и благосостојба се неопходни , и на тој начин тука успеавме да најдеме компромиси“, истакна Меркел.

Автор: СН/ЕМФ/дпа/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM