1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Постојат тензии,но безбедносната состојба е стабилна

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски за денеска го свика Националниот совет за безбедност на тема Косово

default

Од скопскиот затвор избега познатиот Џејми Шеј,припадник на ОНА,осуден за терористички напади во Куманово но и на пругата кон Скопје.МВР вчера дозна за неговото исчезнување од скопскиот затвор Идризово но и од родното Слупчане,Кумановско,еден од центрите на конфликтот во 2001 година во Македонија.

Бекството на овој екстремист коинцидира со организираното бегство на група од седум затвореници од Приштина,од кои четворица беа познати со терористичко насилнички акти и досеаја во Тетово и Скопје,на пример ракетирањето на полициската станица на Бит пазар.Дали е можно нивно собирање на косовско македонската граница во спорните воинствени реони околу Скопска Црна Гора.

МВР не ги демантира таквите новинарски пишувања.Во исто време во Тетово се појавија и првите написи графити -Илирида,синонимот за евентуално отцепување на Западна Македонија.И покрај овие знаци македонскиот премиер Никола Груевски со смирувачка изјава,дека не постои опансност од дестабилизација.