1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Постојат организирани напади против папата“

Во аферата околу објавувањето важни документи од Ватикан, државниот секретар, кардиналот Тарчизио Бертоне, обвини за постоење „организирани напади“ врз папата Бенедикт Шеснаесетти.

Отсекогаш постоеле инструментализирани напади, но овојпат тие се целни и остри, критикуваше Бертоне на италијанската телевизија РАИ 1. Бертоне истакнува дека аферата со обелоденувањето доверливи документи од Ватикан не го заплашува папата, иако е за жалење што преку истекувањето важни информации се врши повреда на приватната сфера на папата и неговите најблиски соработници. Сепак, според него, соработниците на папата се единствени во негова поддршка. Бертоне, втор по ранг човек во Ватикан по папата, поради својот стил на управување е мета на критики и многумина сметаат дека објавувањето важни документи е обид за негово сменување, односно притисок за да поднесе оставка.

Пред неколку дена беше притворен батлерот на папата, откако во неговиот стан беа најдени доверливи документи на папата Бенедикт Шеснаесетти, а ватиканското обвинителство треба да го сослуша оваа недела во рамките на истрагата. Документи од Ватикан беа објавени во медиумите, а не се знае како стигнале до нив.