1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Постојан „појас за спасување“ за земјите во криза

Европската унија постигна согласност за нов кризен фонд за земјите на ЕУ соочени со економски потешкотии. Претходно, на средбата на министрите за финасии на Eврогрупата не беше донесена одлука за помош за Грција.

default

Средба на ЕУ министрите за финансии

Министрите за финансии на земјите на ЕУ дадоа зелено светло за постојан фонд за земјите на ЕУ соочени со финансиски потешкотии. „Денешната одлука покажува дека земјите членки на еврозоната се одлучни, да гарантираат стабилност за еврозоната“, изјави претседателот на Eврогрупата, луксембуршкиот премиер Жан

Euro-Gruppen-Präsident Jean-Claude Juncker warnt vor Übergreifen der Euro-Krise

Шефот на евро-групата Жан Клод Јункер

Клод Јункер. Фондот за спас, кој ќе биде воведен во 2013 година ќе го замени актуелниот фонд и ќе трeба да овозможува кредити за земјите на кои им е потребна финансиска помош. Како ефективна сума која ќе стои на располагање се планирани 500 милијарди евра.

Претходно министрите за финансии на еврогрупата постигнаа мал исчекор во правец на нов пакет за спас на високозадолжената Грција: имено приватните доверители како банки и осигурителни компании на доброволна база може да учествуваат во надминувањето на кризата.„Се движиме кон решение. Дојдовме до заклучок дека треба да има учество на приватни доверители, но тоа мора навистина да биде доброволно“, изјави шефот на еврогрупата, Жан Клод Јункер, и подвлече дека не смее да биде вршен никаков притосок врз приватниот сектор.

Belgien Brüssel Finanzminister eurogroup Griechenland NO FLASH

Министрите за финансии не донесоа конечна одлука, ниту за итно неопходната кредитна транша од 12 милијарди евра за Грција. Според шефот на еврогрупата, таа ќе биде донесена во јули. Исто така и конечното решение за учеството на приватните доверители би требало да биде донесено на почетокот на идниот месец. Дури тогаш ќе биде подготвен нов пакет-помош за Грција, кој според неофицијални информации треба да биде во висина од 120 милијарди евра. Шефот на еврогрупата меѓутоа изјави, пред да бидат донесени конечни одлуки, грчкиот парламент на крајот на јуни мора да ги усвои новите мерки за штедење. „Грција исто така мора да даде свој придонес“, вели Јункер.

И комесарот за монетарна политика Оли Рен денеска ја подвлече потребата за спроведување на мерки за штедење од страна на Грција и одлуката на грчкиот парламент за приватизација на државниот имот. „Ако тоа биде направено, тогаш може навреме да следува исплаќањето на новата кредитна транша, и Грција нема да биде инсолвентна.“

Автор: Леон Штебе/ дпа/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM