1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Постојана нервоза поради кинеските плагијати

Кина е магнет за германските компании. Секоја компанија меѓутоа треба добро да размисли, какво “ноу хау“ да донесе со себе во земјата, бидејќи заканата од плагијат е голема, предупредуваат експертите.

default

Огромниот пазар привлекува се‘ повеќе германски фирми во Кина. Меѓутоа секој што ќе се одлучи на ваков чекор, мора да се соочи со темата „заштита на производот“. Досега нема никаква вистинска заштита од плагијати, а ситуацијата уште се влошува поради високата флуктуација на работници, кои веројатно би го пренесле т.н „ноу хау“. Светла точка Сојузот на германски производители на машини гледа во тоа што и кинеските фирми во меѓувреме брзо се развиваат и затоа и самите имаат се’ поголем и поголем интерес да ја заштитат својата интелектуална сопственост. Меѓутоа соодветните закони во Кина бавно се спроведуваат. Затоа секое претпријатие мора да одмерува меѓу добрите зделки и опасноста да биде копирано.

Претпазливо со носењето „ноу хау“

China falscher Apple Store

Лажна „Епл“ продавница во Кина

Менаџерот од Германија е горд на својата нова хај-тек производна лента во фабриката во Шангај. „ЕБМ-Папст“ е специјалист за вентилатори за кои побарувачката расте, особено во Кина. Германското средно претпријатие овде инвестира до 8 милиона евра годишно, со надеж дека и натаму ќе предводи во браншата. И тогаш ова:

„Често се случува на саеми , пред се' во Кина, но и во Германија, да поминете покрај нешто и да кажете: го знам апаратов, и тогаш ќе погледнете повнимателно и дури ќе најдете познато лого на него, можеби само со по некоја испревртена буква. Тоа се случува и ние постапуваме против тоа, бидејќи не го сакаме.“, вели  Ханс Јоаким Бајлке, менаџер на „ЕБМ-папст Мотор“

Тоа им се случува на многумина, вели Стефани Хејдолф, која во Пекинг представува германски производител на машини. Секоја компанија треба добро да размисли, какво “ноу хау“ да донесе со себе во Кина, советува Хејдолф. Но истакнува дека Кина е на добар пат.

„Правната состојба многу се смени , но при имплементацијата секако и натаму има проблеми. Кина е многу голема земја. Тоа како прво е поради големината на нејзината територија, а како второ е тоа што идеите од Пекинг сега мора постепено да протечат и да пристигнат во овие провинции и региони.“, Стефани Хејдолф  од „ВДМА Кина“:

Побрзо од плагијаторите

Plagiatsvorwürfe gegen Autos aus China Nobel von Shuanghuan als Smart-Kopie kritisiert

Кинеска копија на возилото „Смарт“

Дотогаш, компаниите едноставно ќе мораат секогаш да бидат малку побрзи од фалсификаторите. И новитетите треба да ги прилагодат на муштериите. За високо специјализираните компании тоа понекогаш значи еден чекор поназад од германските стандарди, кон поедноставени и поевтини производи.

„Овој производ го направивме во Кина со кинески инжинери, во соработка со кинеските клиенти. И тоа беше веројатно единствено возможно во оваа констелација зашто еден германски инженер веројатно би рекол дека ова не ги исполнува неговите инжинерски стандарди, на кои тој би сакал да се придржува.“,  Хелмут Шенебергер , директор во „ЕБМ-Папст“:

Порано „ЕБМ- Папст“ во Кина произведуваше речиси исклучиво за западните компании присутни во Кина. Во меѓувреме, компанијата услужува главно кинески клиенти и се приспособува за натамошен раст. Просторот за проширување на производството веќе е подготвен.