1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Постот треба да претставува радост

Православните Христијани вечерва ќе го прослават Воскресението Хирстово - Велигден. Голем празник којшто е проследен со редица традиции и обичаи. Еден од нив е постот. Што значи за верниците и свештените лица постењето?

default

Православните Христијани го празнуваат Велигден

За голем број верници во Македонија, постот е неизоставен Велигденски обичај, подоготовка за големо доживување, Воскреснувањето пред Велигден, велат верниците. Постот треба да претставува радост, а тоа може да се постигне само со цврста вера, порачуваат пак свештените лица.

Должината на постите е различна. Најревносните постат седум недели, првата и последната седница ригорозно дури и без масло, некои само последната недела пред Велигден, други само од Велики четврток до недела.

Постот ќе заврши на полноќ кога камбаните ќе го означат Христовото Воскреснување, а верниците ќе ги скршат велигденските јајца.