1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Постизборното насилство во Кенија со се повеќе жртви

Досега во судирите ширум оваа африканска земја , загинале најмалку 300 лица. ЕУ и САД одбија да го признааат реизборот на претседателот Мбеки Кибаки . За утре најавен голем протест на опозицијата во Најроби.

default

Кулминацијата на постизборното насилство во Кенија се случи во градот Елдорет на западот од земјата вчера попладне. Повеќе стотици лица , имано побараа засолниште од насилствата во една црква во градот , која потоа напаѓачите ја запалија . Според последните податоци во пожарот загинале најмалку 50 лица . Севкупно во борбите меѓу приврзаниците на претседателот Кибаки и лидерот на опозицијата Одинга досега загинале околу 300 лица. Малку порелаксирана е ситуацијата во сиромашните квартови во главниот град на Канија, Најроби. Во Кибера , еден од центрите на подршка на лидерот на опозицијата Раила Одинга , има многу траги од насилството од изминатите денови. Метју Кангвана раскажува:
„ Беше ужасно, насекаде оган, луѓето се убиваа меѓусебно . Но денеска се смири. Сега се обидувам да обезбедам нешто за јадење за моето семејство а во четврток сакаме мирно да протестираме“
Набљудувачите од ЕУ вчера извлекоа привремен биланс за изборите и хаотичното пребројување на гласовите .Нивниот редводник Александер Ламсдорф беше шокиран од размерите на насилство:
„Се надевам дека ќе се успее политички да се реши постоечкиот конфликт меѓу опозицијата и власта. Во секој случај не треба уште повќе луѓе да станат жртви на ова насилство“
Ламбсдорф наброи бројни случаи на неправилности и фалсификати и го потенцираше своето сомневање во победата на претседателот Мваи Кибаки.
Владиниот портпарол Алфред Мутуа ги отфрли сите обвинувања за манипулации со изборните резултати и обвини дека се предизвикува паника со извештаите за ескалација на насилството:
„Нема вонредна состојба , и нема да воведеме . Владата ја држи ситуацијата во целата земја под контрола“
Иствовремено меѓутоа и самите членови на независнаката изборна комисија на Кенија упатија на нерегуларности. Гладвел Отиено, портпаролка на кениското движење за заштита на човековите права вчера говореше за масивна изборна измама:
„ Во моментов имаме влада , која не е легитимна“
За меѓународните набљудувачи од другастрана изборниот хаос во Кенија е удар за демократијата во Кенија и во цела Африка :
„Кенија отсекогаш важеше како позиитивен модел тука во Африка , но оваа улога сега е под знак прашање“