1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Постизборни реакции: пресврт кон подобро за СПД ?

По вчерашните избори за покраинските парламенти на Бранденбург и Саксонија, денеска заседаваа сојузните раководства на партиите за да ги анализираат резултатите. Социјалдемократите и покрај загубата на гласови гледаат пресврт во негативниот тренд, демохристијаните како поука дојдоа до заклучок дека треба да имаат единствен курс во однос на реформите, а во сите табори успехот на деснорадикалните се при

Матријас Плацек слави: и покрај загубата на гласови, СПД останува најсилна фракција во Бранденбург

Матријас Плацек слави: и покрај загубата на гласови, СПД останува најсилна фракција во Бранденбург

ма како предупредување, но не и знак за паника.

Социјалдемократската партија го оценува резултатот од изборите во двете покраини како пресврт по серијата изборни порази во последниот период. “Матијас Плацек е вистинскиот победник на изборите. Му упатувам многу честитки. Се радувам, се разбира и поради тоа што тој до крај стои зад политиката на сојузната влада и ни во најтешки времиња не се колебаше. Мислам, иако тоа звучи оптимистички, дека ова ќе ни даде полет и за изборите во Северна Рајна Вестфалија, но ние и натаму мора напорно да работиме и тоа и ќе го правиме”, изјави денеска во Берлин канцеларот Герхард Шредер. Партијата ја мина најдолната точка, смета претседателот на СПД Франц Минтеферинг: “По една посна етапа, СПД ја мина најдолната точка. Ние напредувавме во последните 6 до 8 недели. За целата партија викендот – кога ќе се земе се‘ заедно – донесе резултат кој радува. Ние немаме илузии: на сојузно ниво и во покраините ќе има уште предизвици. Ние сме среде процес на реформи и преуредување. Но, на ова место е јасно и дека Герхард Шредер и германската социјалдемократија можат и ќе го сторат тоа”, рече Минтеферинг на почетокот од седницата на партиското раководство.

По загубите на гласови за ЦДУ, покраинскиот премиер на Саксонија Георг Милбрат денеска се заложи во иднина повеќе да се води сметка за убедување на насделението во реформската политика на партиите на Унијата. Консеквенција за наредните избори мора да биде на избирачите подобро да им се објасни зошто биле неопходни реформи како Харц 4, рече потпретседателот на фракцијата на ЦДУ во Бундестагот Волфганг Бозбах. Покраинскиот премиер на Долна Саксонија Кристијан Вулф побара ЦДУ да остане на курсот “како најбрз пат до целта”. Претседателот на партијата Ангела Меркел не можеше да скрие: “Разбирливо дека посакував малку повеќе гласови за ЦДУ. Ме вознемирува што 30 проценти во обете покраини беа гласачи од протест – лево и десно, и од тоа извлекувам заклучок дека ние мораме јасно и недвосмислено да агитираме за неопходните промени во Германија”.

Претседателот на сестринската ЦСУ Едмунд Штојбер излезе со слична оцена: “Ние мораме да се поставиме спрема променетата ситуација и со луѓето интензивно да расправаме за проблемите. Ако еднаш се наметнавме со една позиција, тогаш мора и да се стои зад таа позиција и таа мора да се брани со сета јасност”. ЦСУ смета дека канцеларот Шредер е лично одговорен за јакнењето на десноекстремните партии, бидејќи не се придржувал кон ветувањето дека обновата на истокот ќе ја земе под своја одговорност и бил виновен за порастот на сиромаштијата во Германија.

Дали по изборниот резултат во Бранденбург природно претстои коалиција на СПД и Партијата за демократски социјализам (ПДС)? За тоа Лотар Биски, претседател на ПДС денеска рече: “Секогаш велевме дека сакаме политика за поголема социјална праведност. Ако и СПД го сака тоа, тогаш може да најде разумна база за преговори со ПДС. ПДС не стои на располагање за политиката ’и натаму како досега‘... Ќе видиме како ќе одат работите во наредните денови”.

Партискиот копретседател на Зелените Рајнхард Битикофер погледот повеќе го сврте кон резултатот на опозицијата, отколку на сопствената партија: “Додека ние покажавме дека можеме да се бориме против силниот ветер в лице, госпоѓа Меркел дури сега ќе мора да покаже дека ќе биде дорасната на контра-ветер”. Инаку, со влегувањето во парламентот на Саксонија и со зголемениот број освоени гласови Зелените сметаат дека се засилени и ја продолжуваат “серијата од успеси”, како што рече другиот копретседател Криста Загер. За сојузниот министер за екологија Јирген Тритин, резултатот е “извонреден” за Зелените, а “жешка шлаканица” за ЦДУ, Ангела Меркел и покраинскиот премиер на Саксонија Милбрат. Тој на ЦДУ и‘ ја префрли вината за успехот на десноесктремистичките партии.

Либералите забележаа прираст во бројот на гласови и најавуваат опстојување врз досегашниот самостоен пат и докажаниот рецепт “...ако сосем суштински се покажеш препознатлив во економската и образовната политика – како што го сторивме тоа во Саксонија. И во Бранденбург малку напредувавме, иако тоа не беше доволно, но резултатот од Саксонија е грандиозен за ФДП” – рече претседателот на партијата Гидо Вестервеле. Имајќи ги Зелените пред вид, Вестервеле рече дека е отворен натпреварот за третата позиција во партискиот спектар. Тој повика на спротивставување како на десно- исто така и на левоекстремистичките сили.

Резултатот на десноесктремните партии НПД и ДФУ не е повод за паника, смета сојузниот претседател Хорст Келер, но партиите мора сериозно да го примат сигналот од граѓаните и да ги побараат причините, рече тој во Визбаден. За него е посебно загрижувачки успехот на десните кај младите избирачи.