1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Постигнат е економски пресврт во ЕУ

Според Европската комисија, надмината е фазата на солзи во Брисел. Економијата би требала и натаму да расте, но уште многу останува несработено, предупредува еврокомесарот Оли Рен. Резултати се чекаат и од Германија.

Конечно од Брисел добра вест за Европејците, кои ја чекаа година и половина, наоѓајќи се во рецесија. Таа доаѓа од еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.

„Ние гледаме јасни знаци за економски пресврт. Но, растот полека ќе се одвива и ќе биде забележлив преку задржувањето на многу работни места. Затоа сѐ уште не можеме да прогласиме победа и не смееме да направиме грешка и да бидеме безгрижни“, рече еврокомесарот Оли Рен во Брисел.

Според неговите прогнози, откако економијата во Европа во целата 2013. година ќе падне за дополнителни 0,4 проценти од БДП, таа во следната година треба да има раст од 1,4 проценти. Нејзиниот раст во 2015. година треба да биде 1,9 проценти.

Економијата заздравува, еврото е под заштита

Olli Rehn EU Herbstprognose 05.11.2013

Оли Рен, еврокомесар за економски и монетарни прашања

Се зголемува довербата на економските менаџери, но и на самите потрошувачи во кризните земји Грција, Шпанија или Италија, информира еврокомесарот. Сепак, невработеноста во овие земји, но и во Европа во целина, останува висока - на околу 12 проценти. Растот регионално е многу различно распределен. Додека балтичките држави имаат раст до четири проценти, Словенија и Кипар и следната година ќе имаат благ пад. Санирањето на државните буџети низ Европа продолжува и натаму, но намалувањето на дефицитите вкупно земено ќе биде побавно, предупреди Оли Рен. Најрано во 2015. година новите задолжувања треба да бидат 2,5 проценти од БДП.

„Намалениот стрес на пазарите за државни обврзници покажува дека екстремната закана за распад на еврото, каква што пазарите гледаа минатата година, е надмината“, оценува Оли Рен. Тој ѝ даде совет на новатата германска влада, за која се водат коалициски преговори, дека треба да ги применува препораките на Европската комисија.

„Германија треба да создаде услови за долготраен раст на платите. Високите даноци и социјални давачки, особено за оние со пониски примања, треба да се намалат. Поголемите инвестиции во инфраструктурата ќе помогнат да се зголеми домашната потрошувачка. Тоа долгорочно ќе има позитивни ефекти и врз производството“, им пишува Рен на Германците во својот извештај. Со тоа тој реагира на критиките на САД на со години високите германски извозни суфицити. Токму во германскиот извоз многу земји од југот на еврозоната гледаат причина за сопството економско слабеење. Но, Оли Рен не сакаше тоа да го потврди.

Streik Warnstreik Online-Versand Amazon

Еврокомесарот смета дека повисоките плати во Германија не би предизвикале штети

Франција и Германија како јадро на еврозоната треба да испорачуваат

Еврокомесарот сепак посочува дека клучот за здрава еврозона лежи во најголемата и втората по големина економска сила, односно Германија и Франција. Двете би морале да спроведат реформи и да ги исполнат обврските. Тој на Франција и‘ забележува дека мора да ја подобри својата конкурентност и својот пензиски систем да го стави на подобра основа.

Во следната недела еврокомесарот ќе објави конкретни мерки за секоја земја во Европа. За првпат тој смееше да ги стави под лупа сите проекции на буџетот за следната година на земјите-членки. Проверката на буџетите е дел од подобрата економско-политичка соработка, за која шефовите на држави или влади се согласија во врвот на еврокризата.