1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Постигнат договор за ослободување на киднапираните Јужнокорејци

*

Радикалните Талибанци и јужнокорејската делегација постигнале договор за ослободување на преостанатите 19 киднапирани Јужнокорејци во Авганистан. Ослободувањето ќе следи наскоро. Деталите од договорот не се познати. Досега Талибанците за ослободување на грабнатите бараа размена со затвореници во авганистанските затвори, но Кабул го одби таквиот ултиматум. Се уште нема информација за грабнатиот Германец кој исто како и Јужнокорејците, повеќе од еден месец се наоѓа во заложништво.